за

Германските таксисти бараат субвенции за електрични автомобили

електрични автомобили - такси

Компаниите за такси превоз во Германија бараат поголема државна поддршка за замена на постоечкиот возен парк со возила што се помалку штетни за животната средина. Мал проблем може да биде тоа што германската автоиндустирија моментно е слаба со електрични автомобили.

Германското здружение на компании за такси превоз и изнајмување возила денес потпишаа резолуција со којашто се обраќаат на општините, на властите и на автомобилската индустрија.

Здружението меѓу другото бара повисоките трошоци при набавка на електрични такси возила, како и ограничувањата поради времето потребно за полнење на батериите, делумно да се надоместат преку државни субвенции.

Според ставот на Здружението, производителите и трговците со автомобили треба да понудат финансиски повластици, за компаниите за такси превоз да можат да ги заменат возилата кои повеќе не ги исполнуваат новите одредби за издувни гасови.

Од општините се бара да обезбедат преоден период, односно да дозволат такси-возилата да сообраќаат и во деновите кога е на важност комплетна забрана за дизел возила во централното градско подрачје. Покрај тоа, се бара и целосна покриеност со полначи за електрични автомобили.

Електричното такси на Nissan вози во 113 градови низ светот

Во Германија се регистрирани околу 36.000 компании за такси превоз и изнајмување возила. Германците повикуваат такси возило во просек 1,2 милион пати дневно, што значи дека на годишно ниво се вршат околу 430 милиони возења. Поради тоа е важно возниот парк да се состои од возила со ниска или нулта емисија на штетни гасови.

Германија не произведува електрични автомобили што можат да ги заменат постоечките такси возила, како E-Class

Во земјата се произведуваат само неколку „батериски“ модели: BMW i3, smart fortwo electric drive и Volkswagen e-Up и e-Golf. Сите овие модели се далеку од „стандардниот“ Mercedes E-Class. Изборот не е поголем кај плаг-ин хибридите, односно приклучните хибриди, во вишата класа: BMW 530е и Mercedes E 350 e.

Во Кина веќе се користат илјадници електрични автомобили за такси превоз, во Мадрид циркулираат 110 примероци од Nissan Leaf како такси возила, расте бројот на електрични такси возила и во Џенова.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

opel санација

Opel комплетно се префрлува на техниката на Peugeot

vespa elettrica

Vespa почнува да вози на струја