за

Таа е Елиза Артиоли и автомобил го носи нејзиното име

Elisa Artioli Lotus Elise

На многумина им доаѓаат убави мисли од Lotus Elise, но една млада девојка има причина да се чувствува посебно кога ќе помисли на него. Елиза Артиоли е инспирацијата за овој автомобил

Елиза Артиоли го посети гратчето Хетел по 22 години од лансирањето на еден од најкултните британски автомобили од тековна продукција, а воедно и автомобил што е именуван според неа. Елиза е правнука на Романо Артиоли, претседател на Lotus во 1995 година, кога светот првпат го виде Elise.

Elisa Artioli Lotus Elise 1

Таа е оригиналната инспирација за името на суперлесниот двосед, којшто ниту по две децении нема изгубено од првичната фасцинација. Секако дека Елизе присуствувала на премиерата на Lotus Elise пред повеќе од две децении.

Елиза го возеше истиот Lotus Elise со когошто се сликаше пред повеќе од 20 години – првиот воопшто произведен примерок од моделот

Сигурно било големо задоволството кога Елиза го испроба „својот“ автомобил на тест-патеката на Lotus во Хетел. Таа ја имаше честа да го вози вториот произведен примерок од Lotus Elise и прв што ја напуштил производствената лента по официјалниот старт. На фотографијата од 1996 година, младата Артиоли седи токму на хаубата на овој автомобил.

https://www.instagram.com/p/BZbjXGFDhv2/?taken-by=iamlotuselise

Оваа врска оставила длабоки траги. Како што може да се види на серијата фотографии од настанот, Елиза потоа го вози и Lotus Exige Sport 410 по фабриката тест-патека, а потоа и Evora GT410 Sport… Голема привилегија е кога една од најголемите автомобилски икони го носи твоето име.

https://www.instagram.com/p/BXsvo1AjPd_/?taken-by=iamlotuselise

[FAG id=34166]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Roxor mahindra

Индиската Mahindra сака да им продава „џипови“ на Американците

Skoda Fabia FL

Skoda Fabia со нови светла и без дизел мотор во понуда