128
18 shares, 128 points

Многумина ја гледаат иднината на производството на возила во тридимензионалните печатари. Фирма од Калифорнија докажува дека мотоцикл со уникатен изглед може да се произведе со оваа „печатарска“ техника. За некои делови сепак мора да се користат конвенционалните техники.

Моторџиите обично сакаат нивната возачка машина да се разликува од останатите. Фабричкиот оклоп се заменува со друг, се вградува помал издувен лонец, се скусува опашот. Можностите се неограничени, мануфактурните работилници имаат полни раце работа. Но, рамка што се разликува од фабричката ретко кој се зафаќа да изработува. Сега и тоа е можно, барем доколку се користи тридимензионална печатарска техника.

Фирмата Divergent 3D стана позната со суперавтомобилот Blade, изработен со оваа иновативна техника. Следно од оваа фирма е преработка на Kawasaki H2, со уникатна рамка. Мотоциклот неодамна беше изложен пред посетителите на салонот во Лос Анџелес, за јавноста повторно да се убеди во можностите на 3D-печатењето.

На прв поглед е тешко да се распознае дека станува збор за Kawasaki H2, затоа што од оригиналниот оклоп на машината со 200 КС остана само малку. За разлика од фабричката, рамката во мотоциклот на Divergent 3D не е изработена од цевни профили, туку изгледа како да е излеана во едно парче – тоа е ефектот што фирмата го има постигнато со својата усовршена техника на 3D-печатење. Секако дека рамката е од метал.

Со истата техника се изработени задната осцилирачка водилка и резервоарот. Останатото е стандардно, односно предната вилушка, сопирачките и бандажите потекнуваат од серискиот модел. Идејата на калифорниските специјалисти е техниката да им ја понудат на мануфактурните работилници, коишто од основата на мотоциклот ќе го задржат само моторот, додека деловите како рамката или резервоарот ќе ги изработуваат сами со тридимензионално печатење.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

128
18 shares, 128 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *