за ,

Сте го провериле клима уредот скоро?

Вистински благодет е кога на овие летни жештини може да се вклучи клима уредот. Но, при нередовно одржување, уредот испушта бактерии и шири лош мирис во кабината.

Овие непријатни миризби и скапата поправка може да се спречат доколку клима уредот се проверува во сервис секоја година. При дефект на компресорот за климата, кој е срцето на уредот, неговата евентуална замена може да чини 1.000 и повеќе евра.

Во текот на една година системот за климатизација пропушта околу десет проценти од разладното средство. Во тој случај, по три години веќе доаѓа до значително намалување на ефикасноста на разладувњето на кабината. Притоа постои голема опасност за оштетување на компресорот, затоа што маслото кое што го содржи разладното средство повеќе не е во состојба да обезбеди доволно подмачкување. Поради тоа е можно целосно откажување на работата на компресорот.

Кондензаторот и филтерот за клима уредот претставуваат совршена почва за опасните микроорганизми кои што можат да предизвикаат алергии и поради тоа потребата од редовно сервисирање важи и за овие компоненти од системот. Дезинфикацијата на кондензаторот спречува создавање на миризби предизвикани од бактериите и појава на алергиски реакции. Филтерот исто така треба да се провери при сервисирањето и по потреба да се замени. Чист филтер спречува ширење на бактерии и во исто време ја намалува опасноста од замаглување на стаклата, како и можно оштетување на електромоторот на вентилаторот.

Бидејќи клима уредот работи под постојан притисок, неговите компоненти се изложени на абење. Цревата и заптивките исто така стареат, скрутуваат и поради тоа протекуваат. Затоа се препорачува клима уредот редовно да се проверува во сервис.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Mokka ќе се произведува дополнително и во Шпанија

Skoda најавува Rapid со пет врати