131
20 shares, 131 points

Четртата генерација на Ford Focus денес стартуваше со сериско производство во фабриката во Сарлуис. Компактот пристига со променет дизајн, подигнато ниво на квалитет и неколку нови технологии. Ford посочува и на системите за асистенција, коишто отсега се водат како Ford Co-Pilot360 и меѓу другото овозможуваат автономно возење од второ ниво. Тоа е техника што досега се вградуваше само во средната и вишата класа.

Focus е прва моделска серија на Ford со модем за поврзување FordPass, како продолжение на темата за конективност, во којашто марката инвестира веќе десетина години. Под хаубата работат трицилиндарските мотори EcoBoost со зафатнина од 1,0 и 1,5 литар. Ford е првиот производител што ги „гасне“ цилиндрите на трицилинарски мотор при ниско оптоварување.

Инвестицијата од 600 милиони евра во Сарлуис ќе се покаже во квалитетот на изработката и во издржливоста на новиот Ford Focus

Тоа што ќе се покаже во квалитетот на изработката и во издржливоста на новиот Ford Focus е инвестицијата од 600 милиони евра во новата фабрика. Според Ford, некои од технологиите во Сарлуис се применуваат првпат во браншата. Тука се мисли првенствено на новата Борон-хала од 6.000 метри квадратни, во којашто се работи со ултрацврсти челици и особено лесни компоненти од челик легиран со бор. Во печка долга 40 метри, ламарината од борон-челик се загрева на 930 степени Целсиусови по пат на гасна и магнетна индукција, по што оди под преса од 1.250 тони. Потоа, ласер со температура од 3.000 степени Целсиусови ги сече завршните форми .

Секој ден од Сарлуис ќе излегуваат по 1.400 примероци од моделското семејство на Ford Focus

Во Сарлуис работат над 6.000 лица само во производството. Во завршната монтажа се работи во три смени. Капацитетот е 1.750 возила дневно, од коишто 1.400 се модели од семејството на Focus, додека останатите 350 се Ford C-Max.

Ford Focus се произведува тука уште од 1998 година. Од вкупно 16 милиони произведени примероци во сите фабрики на Ford, околу шест милиони излегле од Сарлуис. Извозната квота изнесува 85 проценти.

Испораката на новиот Ford Focus на германскиот пазар ќе стартува во септември. Цената на основниот модел со ниво на опрема Trend за тамошниот пазар изнесува 18.700 евра.

Ford Focus ќе добие хибридна изведба

Ford Escort одбележува 50 години од премиерата

Ford мора да гради втора фабрика за Lincoln Navigator

Стартуваше производството на новата Ford Fiesta

Ford Fiesta го замени Golf на првото место во продажбата


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

131
20 shares, 131 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743