Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
Нови модели

Старо име, нов костум: Hyundai ix35 се враќа како Tucson

Во последните пет години го познававме како ix35. Компактниот теренец на Hyundai се враќа со ново лице и под новото име Tucson. Корејците уште посериозно напаѓаат во исплатливиот сегмент.

Имиња место бројки. Наследникот на ix35 повторно се вика Tucson и ќе стартува со продажба во втората половина од 2015 година. Шефот Петер Шрејер ветува дека „нашиот нов спортски теренец е вистинска атлета, не само оптички“. Новиот модел на корејскиот гигант доживеа светска премиера во Берлин, а пошироката публика ќе ја види третата генерација на компактниот теренец на салонот во Женева во почетокот на март.

hyundai tucson ix35 019384746908124736Предниот дел од автомобилот изгледа како да е излеана од едно парче, со препознатливата хексагонална маска на Hyundai и со диодните светла. Масивниот браник со испакнати магленки дава ширина во појавата на Tucson. Крилата се малку испакнати и нагласени се со црни пластични арки. Со предниот столб поместен наназад и со ниските задни прозорци, Tucson оддава умерен шарм на спортски автомобил. Реномираниот дизајнер Шрејер, познат во браншата и како креатор на изгледот на првата генерација на Audi TT, овојпат се ориентираше првенствено според вкусот на европските купувачи и ги напушти елегантните и слеани форми од претходникот ix35 коишто повеќе им фаќаат око на азиските купувачи.

Секое петто продадено возило на Hyundai лани било ix35

Кокпитот се издига високо со цел средишниот дисплеј да се најде во оптимална висина за погледите на возачот и совозачот. Hyundai посвети особено внимание во изборот на материјалите, во нивниот изглед и впечатокот при допир, што заедно со тенките зјаеви меѓу деловите од каросеријата оддава комплетен впечаток на грижлива завршна изработка. Тоа меѓу другото е резултат од фактот што новиот Tucson е целосно развиен во Европа и ќе се произведува тука.

Плус 65 милиметри во должина, 30 mm во ширина и минус 20 во висина

Просторната понуда е поголема во споредба со претходникот, особено на задната клупа, а зафатнината на багажникот порасна од 465 на 513 литри, со што Tucson го остава зад себе и актуелниот шампион во просторност Volkswagen Tiguan за 43 литри.

Исто како досега, корејскиот теренец ќе се нуди во изведба со преден и со погон на сите тркала. Бензинецот од 1,6 литар со директно впрскување доаѓа во верзија со 135 КС, односно со 176 КС во новата hyundai tucson ix35 019384716908124736верзија со турбонатполнење. Дизелите се 1,7-литарски со 115 КС и дволитарски со 136, односно 184 КС. Новитет во погонската спрега е опцијата за седумстепен менувач со двојка спојка, во почетокот достапен само за турбо-бензинецот.

Значително е збогатена и понудата од електронски системи, почнувајќи од автоматско паркирање – попречно или паралелно – систем за предупредување при пешак на патот и самостојно запирање при опасност од судир. Системите за следење лента, за следење на мртвите агли и за препознавање на сообраќајните знаци исто така се наоѓаат на списокот на дополнителна опрема, односно следуваат стандардно во највисоките нивоа на опрема.

Засега се чини дека Корејците ја имаат погодено вистинската рецептура за освојување на вкусот на европските купувачи. Конкуренцијата во секој случај има причина уште сега да се загрижи.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730