177
22 shares, 177 points

Nissan во следните десет години ќе обезбедува помошно снабдување со електрична енергија на стадионот на фудбалскиот клуб Ајакс од Амстердам. За таа цел ќе се користат стари батерии од електричниот Nissan Leaf, коишто повеќе не може да служат за погон на автомобилот откако нивниот капацитет ќе се намали на 80 проценти од првичната вредност.

Амстердам Арена во случај на прекин во редовното снабдување со електрична енергија ќе се покрива со 280 батериски пакети од Leaf, како замена за старите агрегати со погон на нафта. Тоа ќе биде најголем акумулациски систем во деловна примена во Европа, во којшто се користат стари батерии. Моќноста и капацитетот изнесуваат по четири мегавати.

Домот на фудбалскиот клуб Ајакс Амстердам со 55.000 места редовно се користи и за концерни, спортски настани и други големи собири. Енергетскиот систем може да акумулира и енергија од соларни ќелии, како и енергија од јавната дистрибуција на струја. Соседните објекти исто така може да се снабдуваат со струја од стадионот, со цел да се зголеми стабилноста на локалната мрежа.

Nissan и партнерот Eaton, освен за деловна примена, нудат и повеќе видови акумулациски системи за примена во домовите.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

177
22 shares, 177 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *