193
24 shares, 193 points

Уште од времето на LJ80 и Samurai, малечките теренци се неизоставни во понудата на Suzuki. Во меѓувреме, марката прерасна во специјалист за погонот на сите тркала и го нуди истиот во речиси целото моделско семејство – во дури три различни варијанти, посебно за секоја намена.

Малкумина се присеќаат на малечкиот и едноставен теренец на Suzuki од крајот на 1970-те години, кој долго време важеше како прв избор на младите дами, како женски теренец. Но, денес повеќе никој не го потценува Suzuki LJ како чиста спротивност на моќните теренски машини од светот на мажите. Иако изгледаше нежно и неубедливо во споредба со класичниот Jeep и го носеше прекарот на теренец за до трафика, овој легендарен Suzuki уште во тоа време умееше да се искачи и да се пробие до истите места како синонимот за теренското возење.

Suzuki е специјалист за малечки автомобили, но во исто и еден од најголемите специјалисти за погонот на сите тркала. Јапонската марка моментно ја нуди оваа техника под заедничкото име Allgrip. Дури три различни варијанти на овој погон се достапни во актуелната понуда на Suzuki: Allgrip Auto, Allgrip Pro и Allgrip Select.

Suzuki Allgrip 3 00007

Првата варијанта нуди едноставна, робусна и издржлива техника, со вискозна спојка што го раздвојува предниот погон од карданското вратило до задната оска. Кога ќе се појави разлика во бројот на вртежи меѓу предната и задната оска, спојката затвора и спроведува до 50% од вртежниот момент до задната оска. Кај новиот Suzuki Ignis постои и дополнителен прекинувач Grip-Control, кој спречува пренесувањето на вртежниот момент да се случи премногу нагло, што е важно на лизгава подлога. Allgrip Auto работи и во верзијата со погон на сите тркала на Swift, популарниот модел којшто веќе во следниот месец ќе се појави во нова генерација на салонот во Женева. Предностите на „автоматскиот“ систем се првенствено на влажна и лизгава подлога.

Jimny со „професионалната“ верзија на погонот на сите тркала на Suzuki

Во варијантата Allgrip Pro постои сервомотор којшто обезбедува крута врска меѓу двете оски, кога подлогата бара моќта да се пренесува на сите тркала. Предната оска кај Suzuki Jimny може да се приклучи до брзина од 100 km/h, без потреба од запирање или подзабавување на темпото, при што до истата се пренесуваат до 50% од вртежниот момент. Системот за контрола на стабилноста се грижи за изедначување на разликата во вртежите меѓу левите и десните тркала. Како уште ретко кој теренец, Jimny располага и со теренска редукција, за искачување и по најстрмните терени.

Suzuki Allgrip 3 00003

Третиот систем е наменет за поголемите теренци и кросовери, односно Suzuki SX4 S-Cross, Vitara и Vitara S. Со вртливиот прекинувач може да се избере еден од четирите начини на работа: Автоматски, спортски, за снег и заклучен. Во автоматскиот модус само предните тркала добиваат погон, додека задната оска се приклучува автоматски по потреба. Во спортскиот модус е подиректна реакцијата на погонот на сите тркала, додека во модусот за снег, погонот реагира понежно. Во четвртиот модус се „заклучува“ распределбата на вртежниот момент во сооднос 50:50 меѓу двете оски и истиот може да се активира до брзина од 60 km/h. Моделите SX4 Classic и големата лимузина Kizashi поседуваат верзија од Allgrip Select без „заклучен“ модус.

Малечкиот теренец што некогаш беше потценуван, денес има широк круг обожуватели

Иако Vitara и S-Cross досега не имаат убедено повеќепати во своите способности, вистинскиот теренец во понудата на Suzuki и натаму е Jimny. Кусите каросериски превиси напред и назад, како и големото растојание од подлогата е тоа што дополнително му обезбедува „моќ“ на малечкиот теренец, заедно со Allgrip Pro. Тој е несомнено моделот што најголемиот дел од својот работен век ќе го мине на терен и не случајно има широк круг на обожуватели. Повеќето од нив се мажи. Тоа е сосем различно од времето на неговиот претходник LJ. Дамите денес повеќе ги сакаат останатите модели на Suzuki, со повеќе комфор и стил, на пример S-Cross.

Suzuki со три варијанти на погонот на сите тркала Allgrip

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

193
24 shares, 193 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743