Вести

Сопствениците на McLaren P1 GTR немаат со кого да се натпреваруваат

Што да прават сопствениците на McLaren P1 GTR кога крајните можности на својот болид можат да ги искусат само на тркачка патека. Затоа, производителот им закупува тркачка патека и ги пушта своите ценети клиенти вистински да дивеат по асфалтот.

Најексклузивниот возачки тренинг на McLaren денес имаше огнена крштевка на патеката Каталунија во Шпанија. Седуммина сопственици на тркачкиот McLaren P1 GTR се појавија со најмоќниот автомобил во историјата на британските специјалисти за брзини во домот на формула 1 во Шпанија, придружени со посебен тим за секого од нив во боксовите.

Тоа што McLaren го нарекува „P1 GTR Driver Programme“ е ултра-ексклузивна програма за сопствениците на овој болид, која вклучува специјален возачки тренинг, одредување на границите на возачките способности и пристап до тркачкиот симулатор на McLaren, пред конечното појавување на тркачката патека. Оваа програма има за цел секој возач да го подготви ментално и физички за комплетно да ги искуси потенцијалите на овој автомобил со точно 1.000 КС.

Пол Мекензи, извршен директор на McLaren Special Operations објаснува: „The McLaren P1 GTR е уникатен проект, во кого дизајнерските и инженерските тимови беа слободни од секакви рестрикции што важат за патничките автомобили или од тркачки правилници. Како резулат, овој автомобил е бескомпромисен тркач, посветен на перформансите на тркачката патека.“

Врвни тркачи несебично ja пренесуваат својата возачка експертиза на сопствениците на P1 GTR

Секој возач добива индивидуално скроена програма, според неговите способности, со поддршка од врвни тркачи, инженери и техничари, кои соработуваат со возачот исто како во формула 1. Во трите денови на тркачка патека, возачите на P1 GTR можат да се чувствуваат како вистински ѕвезди во врвниот мотоспорт. Од McLaren наведуваат дека двајца од сопствениците покажале исклучителен тркачки талент, со времиња блиски до менторот Бруно Сена.

Следните приватни трки во рамките на McLaren P1 GTR Driver Programme ќе се возат на Сепанг во Малезија, на „Circuit of the Americas“, Силверстоун, Монца, австрискиот Ред Бул Ринг, Спа-Франкоршамп, Бахраин и Јас Марина.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729