159
23 shares, 159 points

При секое сопирање со автомобилот се ослободуваат штетни честички од триењето меѓу дисковите и облогите. Еден производител на сопирачки дискови разви технологија со којашто се намалува влијанието на овој извор во емисијата на честички PM.

Производителот на автомобилски сопирачки Buderus Guss разви нова генерација сопирачки дискови со специјален површински слој што го смалува ослободувањето штетни честички. Наспроти верувањето на пошироката јавност дека загадувањето со честички PM доаѓа првенствено од моторите со внатрешно согорување, голем удел во концентрацијата на овие честички во воздухот имаат сопирачките на возилата. При секое „легнување“ на сопирачките облоги врз дисковите се ослободуваат штетните честички. Во таа смисла се надоврзува и абењето на автомобилските пневматици.

Секој возач знае дека сопирачките облоги и дискови се заменуваат по одреден број километри, односно истите се трошат. Истото важи и за пневматиците. Но, дали некогаш сме се запрашале каде завршуваат овие силни количини материјал при абењето?

Новата генерација сопирачки дискови од Buderus Guss може да го смали уделот на честички што се ослободуваат при сопирањето. Дискот е изработен од особено цврст метал и според производителот може да ја смали количината на честички од сопирањето за 90 проценти.

Новиот материјал носи цела низа предности, но има и друга страна на медалот

Површинскиот слој е изработен од волфрамов карбид и се одликува со цела низа предности. Покрај тоа што се смалува количината на штетни честички, односно абењето, новите сопирачки дискови издржуваат повеќе километри, а се зголемува и моќта на сопирање.

Проблем е цената. Иновативните дискови се трипати поскапи од конвенционалните дискови од сив лив. Прв автомобил во когошто се вградуваат супертврдите дискови е Porsche Cayenne. Утеха може да биде тоа што цената е многу пониска барем во споредба со керамичките сопирачки, коишто се ексклузивност на суперспортските автомобили.

Тоа е одлична вест, остануваат „само уште“ сопирачките облоги.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

159
23 shares, 159 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *