161
22 shares, 161 points

В недела започнува светското првенство за соларни автомобили во Австралија. Првенството се одржува на секои две години и води по јавни патишта од Северот до Југот на континентот. Учесниците треба за шест денови да пристигнат до одредиштето, Аделаида. Светските рекордери стартуваат со „thyssenkrupp blue.cruiser“.

Осми октомври е датумот што возачите на најеколошките автомобили во светот го исчекуваат со нетрпение. По две години од последното одмерување на силите, в недела во Австралија повторно ќе се соочат најдобрите светски тимови во трката со соларни автомобили. Меѓу нив се наоѓа и актуелниот рекордер, Универзитетот Бохум во Германија, кој во 2012 година постави Гинисов рекорд за најдолго возење со соларна енергија, извозувајќи 29.753 километри.

Blue.cruiser учествува во класата соларни автомобили што се блиску до фаза на производство

Соларниот автомобил на студентскиот тим од Универзитетот Бохум ќе учествува со thyssenkrupp blue.cruiser. Универзитетот веќе деценија и пол конструира електрични автомобили на соларен погон. Актуелниот „блу крузер“ е трет автомобил развиен во соработка со гигантот Thyssen Krupp.

thyssenkrupp_bluecruiser_2

Четириседот стартува во класата на „крузери“, кадешто тежиштето се става помалку на брзината, а повеќе на практичноста на возилото. Цел на проектот е развој на соларен автомобил што во блиска иднина би можел да се користи во секојдневниот сообраќај.

Материјали од природни влакна во кабината и „кожа од ананас“ за седиштата

Секако дека од Thyssen Krupp не треба да се очекува друго, освен примена на челик, место алуминиум или карбон. Секако дека се користат и иновативни материјали, како природни влакна во кабината или „кожа од ананас“ за седиштата.

Заштитниот кафез околу кабината е изработен од челик, бандажите се уникатни, за електромоторот се користи специјален електро-лим, задната клупа е сендвич-конструкција од челик и полимер. Тимот мина долги часови и во тестирање на аеродинамичноста на соларниот крузер во воздушен тунел.

Рекорден број од 50 тимови се натпреварува во три класи

Учесниците се поделени во три класи: Предизвикувачи, крузери, авантуристи. Пред поаѓањето на патување долго 3.000 километри од Дарвин до Аделаида, соларните автомобили се квалификуваат за стартните места на тркачка патека. Правилата во „крузер-класата“ претрпе драстични измени за годинешното јубилејно издание на натпреварот кој се одржува веќе три децении. За победата не решава брзината, туку треба да се почитува единствено поставената временска рамка за пристигање во Аделаида.

Бодови се освојуваат со повеќе патници и помалку потрошена енергија за полнење на батериите преку струјната мрежа, како и со практичноста, којашто се докажува со паркирање и мерење на просторот за багаж. На крај, членовите на жирито составено од автомобилски професионалци доделува бодови на соларното возило што би го купиле доколку истото се произведува.

Најтешката битка се одвива во класата „предизвикувачи“, кадешто учествуваат 31 соларен автомобил со врвна технологија. Холандскиот тим Nuon Solar е неприкосновен во оваа класа, кој од 2001 година наваму само двапати нема победено во класата.

Годинава учествува рекорден број од 50 тимови кои пристигаат од 26 држави. Трката со соларни автомобили ја следи 25-милионска публика.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

161
22 shares, 161 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743