Без категорија

Додека Скопје повторно се души: Во Стразбур само со еколошка вињета

Пример за мерки што се преземаат во европските градови при аларм за аерозагаденост

Експертите веќе половина деценија го наоѓаат изворот на отровниот воздух во македонските градови. По теоријата со алуминиумот, последното сознание укажува дека загаденоста произлегува од согорување диви депонии. Светот веќе одамна го знае причинителот. Најактуелниот пример, Стразбур.

По Париз, Лил, Лион и Гренобл, еколошката вињета „Crit’Air“ ќе се применува и во Стразбур. Од 1-ви ноември, при долготрајно надминување на вредностите на ситен прав и азотни оксиди, во елзашката метропола ќе смеат да сообраќаат единствено возилата со еколошка вињета. За постарите возила што не ги исполнуваат важечките еколошки норми ќе важи забрана за сообраќај во Стразбур и во соседните општини, во услови кога загаденоста на воздухот ќе го надмине дозволениот лимит.

На туристите што планираат да посетат некој од француските градови им се препорачува вињетата да ја нарачаат однапред преку интернет. Вињетите имаат важност во сите француски еколошки зони. Crit’Air е класифициран според квалитетот на издувните гасови и чини 4,80 евра. До испораката се чека три недели.

Казната за возила со недоволно квалитетен издув изнесува меѓу 68 и 135 евра

Доколку станува збор за итно патување, потребно е да се испечати потврдата добиена преку електронска пошта и истата да се постави на видливо место во возилото. Казната за прекршување на забраната се движи меѓу 68 и 135 евра, во зависност од типот на возилото и квалитетот на издувните гасови.

Возачите треба непосредно пред поаѓањето на пат да се информираат за тековната состојба во регионот во којшто патуваат. Кога концентрацијата на штетни материи ќе ги надмине соодветните гранични вредности, тоа се прикажува на електронски табли. Доколку резервираниот хотел се наоѓа во еколошката зона, хотелските гости што не поседуваат вињета за своето возило ќе мораат да го користат јавниот превоз или да пристапат со своето возило во периодот кога забраната за сообраќај не важи. При аларм за загаденост и забрана за сообраќај поради смог, сопствениците на вињета можат бесплатно да ги користат јавните превозни средства.

Во потрага по мистериозниот загадувач на македонскиот воздух

Вистината зошто Македонија не го спречува загадувањето од сообраќајот

Македонија: Три од четири автомобили се постари од 10 години

Колку чини лажниот автомобилски луксуз по македонските улици?

Скопје е повеќе загадено од Париз, Мадрид и Берлин заедно

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729