за

Скандинавските возачи најзадоволни од автомобилите на Lexus

Петта година по ред, возачите на луксузната марка на Toyota во Шведска и Норвешка се најзадоволни од својот автомобил во истражувањето спроведено од AutoIndex.

Lexus е автомобилската марка од којашто возачите во Шведска и Норвешка се најзадоволни. Луксузната марка на Toyota предводи во истражувањето што го спроведува AutoIndex уште од 2012 година. Во Шведска, Lexus освои 895 од можни 1.000 бодови, со предност од 18 бодови пред второпласираниот Subaru и 37 бодови пред домашниот Volvo. Просекот на задоволство на возачите од сите марки опфатени во истражувањето изнесува 818 бодови. Јапонската марка е толку убедена со имиџот на своите автомобили меѓу шведските возачи, што на интернет страницата во земјата е оставена можност секој корисник да коментира за своите искуства со возилото и директно да ги објави на страницата, без каква било цензура. Замислата е преку оваа директна и транспарентна комуникација со своите клиенти да се привлечат нови клиенти во Lexus.

Во Норвешка, Lexus постигна највисок резултат во сите категории во истражувањето. Над 18.000 случајно избрани возачи во Шведска и 13.000 возачи во Норвешка учествуваа во анкетата на AutoIndex, оценувајќи ги квалитетот, возните својства и комфорот на автомобилот, како и задоволството од услугата и верноста кон марката. Во анкетата се опфатени сопственици на автомобили произведени во периодот меѓу 2009 и 2015 година.

2016 г. Марка Бодови од возачите во Норвешка
1 Lexus 920
2 BMW 870
3 Mercedes 862
4 Toyota 860
5 Audi 858
6 Volvo 855
7 Subaru 842
8 Skoda 840
9 Honda 834
10 Mini 829
11 Mazda 828
12 VW 828
13 Kia 826
14 Renault 824
15 Opel 822
16 Citroen 819
17 Peugeot 818
18 Ford 810
19 Suzuki 808
20 Mitsubishi 805
21 Nissan 793
22 Fiat 777
23 Hyundai 776
24 Alfa Romeo
25 Dacia
26 Seat
27 Saab

 

2016 г. Марка Бодови од возачите во Шведска
1 Lexus 895
2 Subaru 877
3 Volvo 858
4 BMW 856
5 Honda 856
6 Toyota 853
7 Audi 844
8 Mercedes 836
9 Mazda 836
10 Mini 835
11 Citroën 823
12 Opel 823
13 Skoda 819
14 Ford 818
15 Kia 810
16 Peugeot 810
17 Volkswagen 794
18 Hyundai 790
19 Nissan 785
20 Renault 783
21 Dacia 782
22 Mitsubishi 780
23 Suzuki 778
24 Fiat 758
25 Seat 757
26
27

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Камионите на Mercedes го донесоа германскиот „Аутохоф“ на Скопски Саем

Rapid Coupe изработено од практикантите во Skoda