Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
Нови модели

Сите новитети на Volkswagen до 2019 година

Магазинот Auto Bild обично е упатен од прва рака во иднината на домашните марки, па така и со Volkswagen, Германците откриваат како во следните пет години ќе се менува целата гама на марката од Волфсбург.

Плановите на концернот Volkswagen да го преземе првото место во глобалната продажба на возила не само што одамна се објавени, туку веќе на големо се реализираат. За овие амбициозни и мошне извесни планови да се реализираат, концернот целосно ќе ја обнови гамата на модели од матичната марка Volkswagen до 2019 година. Моделот што го започнува обновувањето е осмата генерација на Passat, чијашто продажба на европскиот пазар стартува веќе во ноември. За две години ќе следува и знаменосецот Phaeton, со обемна примена на алуминиум во конструкцијата на каросеријата, како сериозен конкурент на класата Ѕ на Mercedes и на серијата 7 на BMW. За 2016 година се очекува и новиот CC, купе лимузината на база на Passat. Со големиот заден капак што по пример на Skoda Superb е изведен незабележливо во лимузинската форма, CC ќе конкурира на Gran Coupe од серијaта 4 на BMW. Дванаесет месеци подоцна доаѓа и верзијата Shoting Brake, под моделската ознака CCS, како комбинација од просторност и функционалност на комби со спортски елегантна линија на купе.

Новитет во семејството на Golf е кросоверот Golf Alltrack, со погон на сите тркала, зголемен клиренс и каросерија со елементи на теренец
Новитет во семејството на Golf е кросоверот Golf Alltrack, со погон на сите тркала, зголемен клиренс и каросерија со елементи на теренец
Семејството на Golf исто така е предвидено да се зголемува. Во следната пролет пристига Golf Alltrack, којшто исто како Passat Alltrack е базиран на комби верзијата, располага со погон на сите тркала и зголемен клиренс, како и стилски додатоци во каросеријата. На платформа од Golf VII, на салонот во Женева во март 2015 година ќе се појави Touran. Компактниот ван ќе биде полесен до 100 килограми, со повеќе простор и подобрена динамика во возењето во споредба со актуелниот модел.

Нов Golf се подготвува во периодот околу преминот од 2017 во 2018 година. Осмата генерација на Golf ќе биде поширока и пониска, со подолго меѓуоскино растојание и со каросерија со врвна аеродинамика. Со преминот во осмата генерација ќе биде претставен и новиот кабриолет на база на Golf. Купето Scirocco, исто така на база на Golf VIII е планирано за 2018 година и во споредба со актуелниот модел ќе биде повеќе ориентиран како спортско купе отколку како комби-купе, со покус покрив и потенки задни столбови.

Големи промени се најавуваат кај Polo, чија што премиера следува во март 2016. Се шпекулира дека платформата ќе потекнува од Golf
Големи промени се најавуваат кај Polo, чија што премиера следува во март 2016. Се шпекулира дека платформата ќе потекнува од Golf
Големи промени се најавуваат кај Polo, откако во март 2016 година ќе стартува производството на седмата генерација на моделот. Новото Polo се очекува да ја смали разликата со Golf и да настапува со впечатлив спортски дизајн. Се размислува за изведување најразлични варијанти, почнувајќи од кабриолет до родстер, но најголеми изгледи за сериско производство ќе има варијантата на кросовер, со поголем клиренс, повисоко седење, поголеми тркала и повишен покрив, по примерот како што Mercedes го изведе GLA од компактната класа А.

Секако дека и теренците нема да останат запоставени. Новиот Tiguan ќе се појави кон крајот на следната година, а една година подоцна ќе му се придружи и купе верзијата Tiguan CC. Последниов модел ќе ја користи техниката од актуелниот Golf VII и ќе биде понизок и со подинамичен дизајн од стандардниот Tiguan. Кросоверот Taigun што првично се најавуваше за 2016 година, засега ќе паузира од европскиот пазар. На другиот крај од понудата на теренци е можно претстасвување на Touareg CC на база на новиот Touareg, чија премиера претстои во 2016 година. Една година подоцна ќе се појави и Golf SUV, како полесна и поевтина алтернатива на Tiguan.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730