за

Секој петти нов автомобил во Кина доаѓа од германските марки

mercedes kina

Над пет милиони продадени автомобили за само три месеци. Значењето на кинескиот пазар не смее да се потцени, тоа сепак е најголемиот пазар за браншата. Германците навреме ја увидоа шансата.

Кинескиот пазар на автомобили порасна за близу десет проценти во првите три месеци од годинава, со вкупно продадени 5,45 милиони возила. Динамиката штотуку почнува да добива на сила, откако Кинезите влегоа во новата година според нивниот календар. Соодветно на тоа, пазарот само во март забележа раст од 12,4 проценти. Во следниве неколку денови, вниманието на целиот автомобилски свет, уште повеќе ќе биде насочено кон Кина. Денес започна салонот во Пекинг и ќе трае до 4-ти мај.

250 нови возила се продаваат буквално за секунда на кинескиот пазар

Германските производители можат да бидат среќни што имаат голем удел на пазарот. Првиот човек на асоцијацијата на прозиводители на автомобили во „автонацијата“, Клаус Бројних, цени дека „кинескиот пазар во првите три месеци се покажа многу поотпорен отколку што многумина очекуваа.“ За целата година се очекува кинескиот пазар да постигне продажба од 21,3 милиони возила или шест проценти повеќе отколку лани.

Тоа е одлична вест за германските производители на возила и за добавувачите, кои Кина и натаму ја сметаат како најважен пазар и локација за производство. Германските концерни лани продале четири милиони возила во Кина, што претставува 23,0 проценти од пазарот. Продажбата во земјата е удвоена во споредба со 2010 година, односно е зголемена за дури четирипати во споредба со 2008 година. Во последните шест години, бројот на фабрики на Германците пораснал од 200 на 340, од кои 314 се фабрики на добавувачите. Дури 95.000 лица работат во овие фабрики и инфраструктурни објекти.

Потенцијалот на кинескиот пазар на автомобили е непроценлив. Во моментов, на секои 1.000 жители има по 70 возила во земјата. За споредба, на исто толку жители во Германија им стојат на располагање 540 возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Само за Кина: Mercedes E-Class долга колку S-Class

Volkswagen Phaeton не исчезна, само се претвори во T-Prime