151
20 shares, 151 points

Toyota лани продала 874.000 возила на европскиот пазар, од кои речиси една четвртина биле модели со хибриден погон. И покрај евтините горива, тоа е нов рекорд за хибридите на марката.

Ниските цени на горивата очигледно не ги поколебаа купувачите да се решат за хибридните модели на Toyota. Специјалистот и пионер на штедливиот погон со две срца лани испорачал 209.000 хибридни модели на европскиот пазар, што е зголемување за 17 проценти и нов рекорд за марката. Значаен удел во овие бројки има и луксузната марка Lexus, чиишто модели лани доспеале до 64.000 европски купувачи (+20%), и тоа е уште еден рекорд.

Кросоверот RAV4 од годинава се нуди и во хибридна изведба
Кросоверот RAV4 од годинава се нуди и во хибридна изведба

Гледано само во земјите во Западна Европа, секој трет продаден автомобил на Toyota и Lexus е со хибриден погон, додека за целиот европски пазар, уделот на хибридите достигна 24 проценти. Шефот на европската Toyota, Јохан ван Зил, ги препознава причините за растечкиот интерес: „Нашите одлични резултати од продажбата на хибриди покажуваат дека европските купувачи не се двоумат покрај падот на цените на нафтата и се привлечени од предностите на возењето хибрид, а тоа не е само штедење гориво и емисија на штетни материи.“ Овие предности, според Зил, се тивкото возење, ниските трошоци и користењето на електричниот погон без стравување од малиот досег.

Третина од продажбата на Yaris во Европа отпаѓа на достапниот хибриден модел, кој лани достигна 72.000 примероци или 23% повеќе отколку преклани. Уште поубедливо е учеството на хибридната изведба на Auris. Секој втор купувач на компактниот модел во Европа ја користи помошта од електромоторот во возењето. Lexus, пак, речиси целосно е хибридна марка, особено во Западна Европа, со 96% удел на хибридните модели во продажбата. Од вкупната продажба на луксузната марка во Европа, две третини се хибридни возила.

Toyota Prius веќе стартува со нова генерација
Toyota Prius веќе стартува со нова генерација

До 2020 година се предвидува продажбата на хибридните модели на Toyota и Lexus на европскиот пазар да надмине 400.000 примероци. Офанзивата почнува веќе годинава, со пристигањето на новата генерација на Prius, како и со воведувањето на хибридниот погон во кросоверот RAV4. Осамен во понудата во сегментот на кросоверите, конкурентот Mitsubishi постигна вистински продажен бум со својот Outlander PHEV.

Вкупна продажба на Toyota и Lexus во Европа во 2015 година 873,844
   
TOYOTA 810,085
AYGO 88,583
Yaris, Yaris Hybrid 201,271
   Yaris Hybrid 72,252
Auris TTL, Auris Hybrid 142,369
   Auris Hybrid 78,515
Corolla 69,194
Verso 34,826
Avensis 35,487
iQ 84
Urban Cruiser 24
Verso-S 6,085
Prius Family 16,862
Prius 7,853
Prius+ 8,077
Prius Plug-in Hybrid 932
Mirai 23
Camry 34,207
GT86 1,704
RAV4, RAV4 Hybrid 85,988
  RAV4 Hybrid 206
Venza 278
Highlander 4,528
Land Cruiser    42,907
Hilux 35,939
Proace 7,423
Hiace 314
Останати модели 1,989
   
LEXUS 63,759
CT 200h 10,235
IS, IS hybrid 8,523
   IS hybrid 7,745
ES, ES hybrid 2,072
   ES hybrid 44
GS, GS hybrid 2,004
   GS hybrid 1,523
LS, LS hybrid 295
   LS hybrid  147
NX, NX hybrid 28,417
  NX hybrid 17,278
RX, RX hybrid 6,883
   RX hybrid 3,568
RC, RC 648
  RC hybrid 89
Останати модели 4,682

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
20 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730