135
18 shares, 135 points

Голем број марки тврдат дека го имаат измислено пикапот. Малечки возила со товарна платформа одзади се појавуваат уште многу одамна, во Америка, во Азија, во Европа. Пикапите денес не се користат само како транспортни возила, туку неретко поседуваат и култен статус. Mitsubishi има право да полага авторство над пикапот. Најстариот сериски производител во Јапонија го произведе првиот пикап пред 70 години.

Сите досегашни генерации пикапи на Mitsubishi влечат корени од една конструкција којашто беше измислена пред седум децении. Во 1947 година, Mizushima Motor Vehicle Works стартуваше со производство на TM3 A, како прв пикап во светот, со носивост до 400 килограми и полузатворена кабина, со платнен покрив. Издржливоста на малечкиот транспортер се должеше на масивната носечка рамка, којашто беше заштитен знак и на големите модели со носивост до два тона, Junior и Jupiter од 1960 година.

Mizushima Mini-Pickup

Mitsubishi Pickup Istorija 2

Jupiter беше меѓу првите пикапи достапни и во изведба со дизел мотор. Серијата малечки пикапи под името Mizushima во 1959 година ја продолжи Mitsubishi Leo, а во 1967 година следеше и камионет на база на Mitsubishi Colt 1000F, којшто стана бестселер во категоријата со носивост до 500 килограми.

Помош од Chrysler за дизајнот на првата генерација на L200

Mitsubishi Motors во 1970 година стартуваше заеднички развој на голем пикап со Chrysler, со дизајн кој и натаму се ориентираше според патничките автомобили. Американците учествувааа во дизајнирањето на транспортерот кој се појави во 1978 година и беше наменет првенствено за Северна Америка и други извозни пазари. Моделот се продаваше во САД како Chrysler D60 и Plymouth Arrow, додека Mitsubishi го понуди пикапот на голем број пазари под името L200. Од 1980 година, Јапонците нудеа и верзија со погон на сите тркала.

Mitsubishi Colt 1100 Pickup (1967)

Mitsubishi Pickup Istorija 3

Иако моделот се продаваше на јапонскиот пазар како Mitsubishi Forte само до 1986 година, со единечна кабина и долга товарна платформа, на останатите пазари, Forte беше вистински хит. Уште во првата година беа произведени 45.000 примероци. Во 1979 година продажбата надмина 100.000 примероци. Од првиот L200 месечно се продаваа по 5.000 примероци само во САД.

Mitsubishi L200 (1979), прва генерација

Mitsubishi Pickup Istorija 6

L200 се појави со неколку измени во 1986 година, кога продукцијата на пикапи на Mitsubishi веќе надминуваше 130.000 примероци. Голем еволутивен чекор беше преоѓањето од класичен транспортер во кросовер со елементи на спортски теренец во 1991 година, кога пикапот се појави под името Strada. На повеќето извозни пазари моделот и натаму се продаваше под старата ознака.

Mitsubishi L200 (1991), втора генерација

Mitsubishi Pickup Istorija 7

Со 340.000 примероци во период од дванаесет години, L200 беше најпродаван пикап на европскиот континент. Купувачите во него ги препознаваа гените од класичниот теренец Pajero, со способноста за влечење тежок товар и со погон на сите тркала, вклучувајќи и редукција.

Камионетот на Mitsubishi го започна новиот тренд со третата генерација

Генерацијата од 1996 година означи голема пресвртница. Со голема маска, испакнати крила, широки алу-бандажи, двоцевен заштитен лак и комфор на патнички автомобил, L200 го започна новиот тренд во сегментот. Товарните квалитети не смееја да отсуствуваат, па тој имаше и најголема товарна површина во класата, како и 2,5-литарски турбодизел кој со интеркулер постигнуваше 100 КС.

Mitsubishi L200 (1996), трета генерација

Mitsubishi Pickup Istorija 5

Моделот беше развиен во Јапонија, но се произведуваше во новата фабрика на MMC во Тајланд, од кадешто се снабдуваше целиот светски пазар. Тоа беше пионерски чекор на Mitsubishi, како прв извозник на автомобили од Тајланд. Во втората и третата генерација што се произведуваше до 2005 година, L200 година се произведе во повеќе од 700.000 примероци.

Со генерацијата од 2005 година пристигна првиот „спортски пикап“ на пазарот

Камионетот ги докажа своите спортски таленти и теренска проодност со победата на „Cross Country Rallye World Cups 2003“. Во август 2005 пристигна наследникот Mitsubishi Triton, произведуван и натаму во Тајланд, како прв SUT, односно „Sport Utility Truck“, со дизајн инспириран од рели-тркачот Pajero Evo. Ознаката L200 се задржа на повеќето пазари.

Mitsubishi L200 (2005), четврта генерација

Mitsubishi Pickup Istorija 4

Со вредност од 2,15 метри, пикапот во верзијата со четири врати ја имаше најдолгата кабина во класата, а за теренската проодност се погрижи постојаниот погон на сите тркала Super Select 4WD, со рачно вклучување на блокада на средишниот диференцијал. Моделот се произведуваше девет години и ја искачи вкупната продажба на пикапи на Mitsubishi на 1,3 милион примероци.

Mitsubishi L200 (2015), петта генерација

Mitsubishi Pickup Istorija 8

Точно за 80-годишнината од првиот патнички автомобил на Mitsubishi со погон на сите тркала и дизел мотор беше претставена петтата генерација на L200. Карактерот и натаму е истиот: Долготрајност, штедлив дизел со 154 и 181 КС, сериски погон на сите тркала со редукција и голем транспортен капацитет.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

135
18 shares, 135 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730