144
19 shares, 144 points

Последното тестирање на еколошката подносливост на модели со дизел и бензински мотор од клубот ADAC покажа големи отстапувања од законски дозволените вредности. Дизелите и натаму се критични, но се покажуваат проблеми и кај бензинците со директно впрскување. Покрај тоа, некои модели со Euro 6 се еколошки послаби во споредба со моделите со Euro 5.

Вознемирувачки резултати од последното тестирање на квалитетот на издувните гасови на 38 модели со дизел мотор. Само два модела минаа примерно на еко-тестот на клубот ADAC: Mercedes E220 d 9G-Tronic и BMW 118d Urban Line Steptronic. Тоа се единствените модели со дизел мотор што освоија четири еко-ѕвезди и ја заслужија препораката од клубот.

Лошите резултати на автомобилите со дизел мотор во најголем дел се должат на неколкукратното надминување на законските гранични вредности за емисијата на азотни оксиди. Најголемото отстапување од законските прописи е регистрирано кај Renault Captur dCi 90, на когошто на еко-тестот на ADAC му беше измерена просечна емисија на азотни оксиди од 725 милиграми на километар, што е повеќе од деветпати над дозволената вредност.

Повторно се докажува дека производителите манупилираат со вредностите на издувните гасови

Новите модели не мора секогаш да бидат и почисти. Напротив, неколку актуелни модели со емисија според Euro 6 на еко-тестот на ADAC покажуваат повисоки вредности отколку моделите од класата Euro 5. Овие резултати одат во прилог на најавените забрани за пристап на возила со дизел мотор во центарот на повеќе градови низ Европа.

Suzuki Baleno 1.2 SHVS е најдобро пласиран модел со бензински мотор – со мала помош од електромотор со којшто погонската спрега функционира како паралелен хибрид. Новиот Baleno заостанува само две места зад Toyota Yaris Hybrid којашто користи класичен сериски хибрид

Додека повеќето дизели имаат проблеми со превисоката емисија на азотни оксиди, голем број бензински мотори со директно впрскување покажуваат превисоки вредности на емисијата на ситни честички PM во издувот. Тоа не се однесува само на моќните бензинци како Ford Focus RS, туку и на моделите што се повеќе застапени во сообраќајот, како Volkswagen Tiguan 1.4 TSI или Opel Corsa 1.0 Turbo ecoFlex Edition. Овие модели не добиваат ниту по еден бод за нивната нештетност врз животната средина. Покрај тоа, кај Opel за првпат се измерени и зголемени вредности на азотни оксиди, што досега не беше случај кај бензинците.

Во новите модели и натаму не се вградуваат ефикасни, но и поскапи системи за пречистување

Според ADAC, користените издувни системи кај повеќето модели со бензински или дизел мотор се под нивото на техничката изводливост што им е достапна на производителите. Клубот ги критикува производителите на автомобили поради тоа што преземаат премалку во поглед на заштитата на животната средина и не ги користат ефективните технологии што постојат веќе со години.

Првите места на еко-тестот на ADAC моментно им припаѓаат на моделите со елелтричен или хибриден погон, односно на BMW i3, Toyota Prius 1.8 Hybrid Executive и Nissan Leaf Acenta. Највисоки оцени добива и Toyota Mirai, којшто користи водород како погонско гориво. Пет модели со бензински мотор освоија четири ѕвезди и со тоа ја заслужија и препораката од клубот. Најчист бензинец е Suzuki Ignis 1.2 SHVS Comfort+. Од трите тестирани плагин-хибриди, ниту еден не ги освои „препорачливите“ четири или пет еко-ѕвезди од ADAC.

Најголемиот автомобилски клуб во Европа користи далеку пореални критериуми при тестирањето, отколку производителите и државните институции. Покрај тоа што ADAC ги применува новите циклуси на возење и строги стандарди за оценување, постои уште еден новитет: Автомобилите што ќе добијат препорака, односно четири или пет ѕвезди при тестирањето на пробни валци, потоа мора да ја докажат својата еколошка подносливост и во реални услови на возење, на улица.

Најдобро и најлошо пласирани модели според еко-тестот на ADAC

Според новата метода на еко-тестирање на клубот ADAC досега се проверени 77 модели. Резултатот: Со пет ѕвезди водат автомобили со електро и хибриден погон, но и еден модел со погон на метан ја докажува еколошката погодност на ова гориво. Suzuki Baleno е најдобро пласиран модел со бензински мотор, којшто сепак добива мала помош од електромотор и функционира како паралелен хибрид, но очигледно и таа помош е сосем доволна. Само две места погоре е Toyota Yaris со сериски хибрид и исто така со одлични четири ѕвезди за еколошката подносливост.

Марка и модел

Вид на погон

Штетни материи

СО2

Еко-бодови

Еко-ѕвезди

1

BMW i3 (94 Ah)

Електро

50

50

100

*****

2

Toyota Prius 1.8 Hybrid

Хибрид

48

46

94

*****

3

Nissan Leaf (30 kWh)

Електро

50

44

94

*****

4

Toyota Mirai

Електро / водород

50

43

93

*****

5

Skoda Octavia Combi 1.4 TSI G-Tec

Метан

50

43

93

*****

6

Toyota Yaris Hybrid

Хибрид

49

39

88

****

7

Tesla Model S P90D

Електро

50

37

87

****

8

Suzuki Ignis 1.2 SHVS

Бензин

48

36

84

****

9

Mercedes E 220 d 9G-Tronic

Дизел

50

30

80

****

10

Mitsubishi Space Star 1.2

Бензин

40

36

76

****

11

BMW 118d Steptronic

Дизел

41

34

75

****

12

Citroen C3 PureTech 110

Бензин

44

30

74

****

13

Volkswagen up 1.0 TSI

Бензин

37

34

71

****

14

Mercedes C 200 Cabrio

Бензин

47

23

70

****

(…)

64

Volkswagen Golf Sportsvan 1.6 TDI

Дизел

0

29

29

*

65

Renault Scenic dCi 130

Дизел

0

28

28

*

66

Renault Talisman G.Tour dCi 130

Дизел

0

26

26

*

67

Kia Optima S.Wagon 1.7 CRDi

Дизел

0

25

25

*

68

Volvo V90 D5 AWD Auto

Дизел

7

17

24

*

69

Volkswagen Tiguan 1.4 TSI ACT

Дизел

14

10

24

*

70

Alfa Romeo Giulia 2.2 D AT

Дизел

0

23

23

*

71

Hyundai i40 Kombi 1.7 CRDi

Дизел

0

20

20

*

72

Ford Galaxy 2.0 TDCi

Дизел

0

14

14

*

73

Citroen Spacetourer BlueHDi 150

Дизел

0

11

11

*

74

Ford Edge 2.0 TDCi Bi-Turbo 4×4 Powershift

Дизел

0

9

9

*

75

Ford Focus RS

Бензин

0

6

6

*

76

SsangYong Korando 2.2 e-XDI Auto

Дизел

0

1

1

*

77

Nissan NP300 D.Cab 2.3 dCi

Дизел

0

0

0

*


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
19 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743