Гаражните врати обично се запуштени и еднолични. Тоа може да се смени со фолија на која што верно е испечатен олдтајмер или некоја сцена што ќе ги заинтгригира минувачите и соседите.
Зошто гаражните врати морало да изгледаат како гаражни врати? Со фолии на коишто се испечатени фотореалистични мотиви, овие еднолични и здодевни детали од нашето секојдневие може одненадеж да се претворат во сцена што ќе ги привлекува погледите и ќе предизвикува љубопитност кај минувачите и соседите. Специјализирана фирма за овој вид фолии нуди избор од 350 мотиви, почнувајќи од штала па сé до млазен авион. Мотивот може да биде и снешко белчо среде гаража или прозорец во масивниот ѕид низ кого што се наѕира зимска идила. Поставувањето на фолијата е едноставно, исто како и отстранувањето.
Постои можност фолијата да се изработи во димензија по нарачка, исто како и печатење сопствен мотив. Цената за фолија со димензија 245 х 210 сантиметри изнесува 169 евра, вклучувајќи и специјално лепило. Интернет страницата на производителот е https://www.style-your-garage.com/en/Garage-poster/.
0 Comments