163
21 shares, 163 points

Volvo им се обрати за помош на најупатените во идната технологија за автономно возење. Неколку семејства во Шведска ќе ги тестираат роботските автомобили. Во следните четири години зад воланот ќе се сменат 100 возачи и секој од нив ќе има придонес во развојот на технологијата што пристига во возилата на Volvo веќе во 2021 година.

Volvo стартуваше со тестирање на возила со автономна технологија, или поточно, неколку семејства во Шведска ја добија задачата да проверат како во реални услови функционира оваа технологија. Тие ќе ги тестираат автономните возила по јавните патишта во Гетеборг и на производителот ќе му ги соопштат своите оцени за техниката.

Првите фамилии што ќе ги добијат големите теренци Volvo XC90 со пробната техника на иднината се Хаин и Симоновски – нормално е дека луѓето со македонски корени се истакнуваат во светот. Семејството Симоновски се: Сашко (44), Ана (41) и нивните деца Елин (10) и Вилијам (8).

Отстапувањето на возилата со автономна технологија на користење во шведските семејства е дел од обемниот и скап проект Drive Me. Во почетокот на следната година други фамилии ќе ги преземат тест-возилата. Во следните четири години вкупно 100 лица ќе бидат вклучени во проектот.

Роботските автомобили не може да се тестираат на тркачки патеки, тука семејствата го имаат главниот збор

Забелешките што ќе ги дадат фамилиите се од голема огромна важност за Volvo. Инженерите ќе ги следат возилата во секојдневни услови на користење, при возење до работа, преземање на децата од училиште или набавки за домаќинството.

Volvo планира првите автомобили со автономна технологија да ги пушти во продажба во 2021 година. Податоците од проектот Drive Me ќе имаат клучна улога во развојот на технологијата.

Во првата фаза, возачите ќе мораат да ги држат рацете на волан и да надгледуваат како функционира технологијата. Но, со текот на времето, учесниците постепено ќе препуштаат техниката да го преземе возењето. Целта на производителите со воведувањето на автономното возење е зголемување на безбедноста во сообраќајот. Секако дека и возачот профитира со можноста да го искористи времето зад воланот, на пример за проверка на е-поштата.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
21 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730