171
24 shares, 171 points

Со роботските автомобили е исто како со возач на полагање. Техниката е совладана, останува уште комисијата да даде зелено светло. Но, тоа никако да се случи.

Денешното возење е возење во застој. Чекаме на колони пред семафор, се поместуваме метар по метар понапред како што возилата напред минуваат на наплатна рампа, се движиме со градско темпо по автопат во летниот метеж, како данок за уживањето во годишниот одмор. Единствено уживаат техничарите кои работат во развој на автономното возење.

Audi A8 е првиот сериски автомобил со автопилот од ниво 3, но системот не може да се нарача

Индустријата во меѓувреме ги доведе роботските автомобили близу до совршенство и ги нуди во продажба. Новиот Audi A8 е прво сериско возило во светот коешто располага со технологија за автономно возење од таканареченото Ниво 3. Оттука почнува вистинското автономно возење, роботските автомобили.

Audi pilotirano vozenje 04

Кога сообраќајниот ток забавува и брзината ќе падне под темпо 60, возачот добива порака во таблата со инструменти дека може да го вклучи автопилотот. Доволно да се притисне копчето AI (за Artificial Intelligence) во средишната конзола и возачот повеќе не мора да ги користи воланот и педалите. Системот ги презема сите контроли, внимава на растојанието напред, управува, сопира, па дури и целосно го запира возилото, повторно поаѓа и се прилепува до левиот раб на коловозот кога треба да се ослободи пат за амбулантно возило.

Дали е поважно екстра слободното време додека автопилотот „вози“ или уживањето во возење? Во секој случај, возачот има избор дали и кога да го вклучи автопилотот. Роботските автомобили пристигаат

Возачот добива екстра слободно време. Тој може да ја проверува е-поштата, да работи на сопствениот таблет или да гледа филм на дисплејот во возилото. За разлика од постоечките системи од Ниво 2, за едно скалило понапредниот систем на Audi не му ги препушта контролите на возачот кога електрониката ќе препознае опасна ситуација, туку продолжува самостојно да го води автомобилот. Доколку се случи незгода при вклучен автопилот, место возачот одговара Audi.

Системите на Mercedes, Tesla, BMW се „само“ на Ниво 2 на пилотираното возење

Неколку производители, првенствено Mercedes, Volvo, BMW и Tesla, моментно нудат системи за автоматизирано возење, но таму се работи за системи со ограничено временско дејство од Ниво 2. Таму возачот мора постојано да биде подготвен. Возач на Tesla загина, верувајќи во способностите на автопилотот во своето возило.

Audi pilotirano vozenje 05

Кога сообраќајот ќе проретчи и брзината ќе порасне над темпо 60, возилото бара возачот да ја презема контролата. Доколку тој ги игнорира звучните сигнали, предупредувањата од сопирачките и затегнувањето на ременот, системот ги вклучува безбедносните трепкачи и почнува да го сопира возилото, до целосно запирање. Системот потоа чека 15 секунди за возачот да реагира. Доколку тоа не се случи, следи автоматски повик до службата за прва помош, затоа што системот претпоставува дека возачот е во бесознание.

Ако една контролна единица на роботските автомобили откаже, презема друга

Автопилотот ја координира работата на предната камера, радарските сензори во браниците, радарите во сите четири крила, ултразвучните сензори и на ласерскиот скенер, когошто Audi прв го користи во серија. Сета оваа импесивна техника препознава какви било објекти на оддалеченост до 200 метри. Системот е неколкукратно обезбеден од закажување на дел од техниката. Доколку некоја контролна единица откаже, контролата ја презема друга единица.

Audi pilotirano vozenje 03

Пилотот за сообраќаен метеж, како што Audi го нарекува својот систем за автономно возење од 3-то ниво, уште не може да се води како сериска техника. Купувачите не можат да го нарачаат системот во Audi A8, затоа што законите не дозволуваат. Автоматска контрола на возилото моментно се дозволува само до брзина од 10 km/h, односно за паркирање. Во ЕУ и во уште 50 држави низ светот се работи на нови закони за автономно и автоматизирано возење. Кога тие ќе бидат готови, автопилотот ќе може да се користи до брзина од 130 километри на час.

Тоа што Audi „избрза“ да го претстави автопилотот од Ниво 3, иако законите уште не дозволуваат негово користење, укажува дека трката за роботските автомобили им е важна на производителите

Но, законите се донесуваат бавно. Можно е да потрае до почетокот на 2019 година, додека автопилотите се одобрат за продажба. Клиентите што веќе нарачале Audi A8, немаат можност да ја вградат техниката, кога таа ќе стане достапна за продажба.

Audi pilotirano vozenje 01

Од сета оваа импресивна техника, сопствениците на новиот Audi A8 ќе можат да ги користат само можностите за далечинско паркирање и гаражирање. Возачот може однадвор да ја контролира постапката преку мобилна апликација или да ја вклучи преку копчето за „вештачка интелигенција“ во возилото. Исто како возач пред полагање.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
24 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743