185
23 shares, 185 points

Студија на ЕУ открива дека азотните оксиди и другите штетни материи во воздухот секоја година предизвикуваат прерана смрт кај 80.000 жители на Италија. Градовите веќе преземаат мерки против загадувањето.

Квалитетот на воздухот во повеќето италијански градови е влошен значително поради сушната зима и властите веќе започнаа со примена на мерки против енормното загадување на животната средина. Поради смогот, во понеделник по улиците на Рим ќе смеат да сообраќаат единствено возилата со регистерска ознака што завршува на непарен број. Ограничувањето ќе важи само во периодот на најголемото сообраќајно оптоварување. Во вторник, овие возила ќе мируваат, а сообраќајот ќе биде дозволен само за возилата со непарна ознака.

Од забраната за возење во таканаречената зелена зона во центарот на италијанската престолнина се изземени единствено возилата со исклучително ниска емисија на штетни гасови, како хибридните и електричните возила. ограничувањето важи меѓу 7:30 и 12:30 часот, како и меѓу 16:30 и 20:30 часот.

Во Милано, втор најголем град во Италија, во минатиот понеделник врнеше за првпат по повеќе од 40 денови. Граничната вредност за загадувањето со ситни неразградливи честички во овој град се надминуваше 25 дена во континуитет. Дождот ги врати надежите дека на тој начин ќе се прочисти воздухот. Но, ограничениот пристап во центарот на градот и натаму останува на сила.

Северот на Италија и рамничарскиот регион по течението на реката По се загрозени најмногу од смогот. Во некои подрачја на Северозападот не врнело веќе подолго од два месеца. Но, централниот регион и Југот на Италија, исто така се соочуваат со висока загаденост на воздухот поради сувото време и отсуството на ветар. Во четирите најголеми градови во земјата – Рим, Милано, Наполи и Торино – граничната вредност од 50 микрограми неразградливи честички на метар кубен воздух во текот на годинава е надминувана повеќе од дозволените 35 денови. Рекордната вредност меѓу помалите градови ја држи Фросиноне, југоисточно од Рим, со 101 ден со концентрација на неразградливи честички над дозволената.

Според студијата на Европската агенција за животна средина, Италија има најголем број на случаи на предвремена смрт предизвикана од загаденоста на воздухот од сите земји во ЕУ. Неразградливите честички, озонот и азотните оксиди во 2012 година биле причина за предвремена смрт на 84.400 жители на Италија. Според бројот на регистрирани возила по глава на жител, Италија е меѓу највисоко пласираните држави во регионот.

Автомобилската бранша и политиката се исправени пред голема дилема. Емисијата на азотни оксиди и количината на неразградливи честички чад се наоѓаат во корелација, којашто експертите ја нарекуваат „ножица за азотни оксиди-чад“. Контролната електроника на моторот влијае врз составот на штетните материи во издувот. Доколку електрониката ја ограничи емисијата на азотни оксиди, се зголемува количината на неразградливи честички, односно чад. И обратно, тоа што е добро за емисијата на чад, предизвикува зголемување на азотните оксиди. Поради тоа, кај дизел моторите е потешко да се редуцираат издувните гасови. Современите бензински мотори со директно впрскување на горивото под висок притисок исто така се под лупата на еколозите, затоа што и нивната емисија на неразградливи честички е превисока.

За проблемот да се усложни дополнително, тука е и емисијата на СО2. Дизел моторите имаат пониска емисија на СО2 во споредба со бензинските мотори. За автомобилската бранша да ги исполни строгите норми за заштита на животната средина, мора да ги почитува ограничувањата за емисијата на СО2 и поради тоа не може да се откаже од дизел моторите, кои се уште се поевтин избор отколку развој и комерцијализација на електрични возила или какав било електрификација на погонската спрега. Но, по избивањето на аферата со лажираните издувни вредности на автомобилите, политиката повеќе нема да и прогледува низ прсти на автоиндустријата, иако таа е еден од главните носители на европската економија.

За проблемите со коишто се соочува Македонија во поглед на енормната загаденост на воздухот, можете да прочитате повеќе тука.


Like it? Share with your friends!

185
23 shares, 185 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730