145
19 shares, 145 points

Големиот добавувач на автомобилската индустрија Continental разви систем од камери и монитор, како замена за обичните ретровизори, вклучувајќи и неколку дополнителни функции. Очигледно е време за збогување со овие реликти во модерните автомобили.

Надворешните ретровизори се дел без кого што не може да се замисли (безбедното) возење. Заедно со внатрешниот ретровизор, тие ни обезбедуваат приближно точна и јасна претстава што се случува зад возилото при намера за престројување, скршнување, паркирање, нагло сопирање – едноставно, тие се неопходност. Но, тие не се и совршени. Ретровизорите се оштетуваат, се валкаат, замрзнуваат и се замаглуваат, а згора на тоа, не го покриваат целото подрачје зад возилото. Во време кога автомобилите се поврзуваат на интернет и се подготвуваат да ја преземат контролата над возилото кога возачот ќе посака времето зад воланот да го искористи за одмор, забава или работа, ретровизорите почнуваат да пречат.

Три камери доставуваат слики во висока резолуција до трите монитора во кокпитот

Добавувачот Continental разви систем од камери и монитор, за кого што вели дека ќе стартува да го испорачува во автомобилите од сериско производство веќе во 2018 година, како замена за надворешните и за внатрешниот ретровизор. Претходно ќе биде неопходно и властите да дадат одобрение за системот. Три камери ќе испорачуваат слика до мониторите со висока резолуција и висок контраст (OLED) во кокпитот. Со оваа техника се надминуваат повеќето слабости на класичните ретровизори.

Новата технологија влијае директно врз изгледот на идните автомобили - повеќе ги нема ретровизорите
Новата технологија влијае директно врз изгледот на идните автомобили – повеќе ги нема ретровизорите, на нивно место се вградуваат ситните леќи на камерите

Главното е тоа што се избегнуваат мртвите агли зад возилото. Со користење на таканаречено „пришивање“, сликите од трите камери се составуваат во една целина и на возачот му се прикажуваат како единствена слика во мониторот во кокпитот. Две камери се поставени на местото на класичните ретровизори, а третата камера е поставена на покривот, на местото каде што обично се вградуваат антените. На тој начин, возачот добива целосна слика за подрачјата лево и десно зад возилото, како и директно зад него. Навечер или при неповолни атмосферски услови се користи функцијата на високодинамично подрачје, со која што се добива многу поквалитетна и појасна слика отколку во ретровизорите. Покрај тоа, доколку некое возило одзади заслепува со пуштено долго светло или при зајдисонце, системот автоматски ја затемнува сликата за возачот да може јасно да ја следи ситуацијата зад возилото.

Подобрена аеродинамика и намалена потрошувачка, потивко и побезбедно возење

Но, тоа не е сé што системот на Continental умее подобро од ретровизорите. Прво, тие се заштитени од вандализам или од друго физичко оштетување, а второ и уште поважно, без ретровизорите се подобрува аеродинамичноста на возилото, а се подобрува и комфорот во возење, затоа што отсуствуваат звуците од струењето на воздухот околу ретровизорите. На крај, малите леќи се помалку чувствителни на атмосферски влијанија и какво било валкање од обичните ретровизори.

Во секој случај, ќе биде чудно кога по толку години, автомобилите наскоро ќе ги видиме без ретровизори. Во повеќе историски наврати, ретровизорите повеќе или помалку учествувале во стилскиот печат на возилото, почнувајќи од хромираните ретровизори, па до актуелните решенија со интегрирани диодни трепкачи и аеродинамичен стил. Проблем ќе биде и закачувањето на миризливата елка. Освен во автомобилите, новиот систем на Continental ќе се вградува и во товарните возила и автобусите, каде што проблемот со видливоста и функционалноста е уште поголем.

Системот монитор-камера ќе значи порелаксирано и побезбедно возење и за возачите на камиони и автобуси. Мониторот тука е вграден во предните столбови
Системот монитор-камера ќе значи порелаксирано и побезбедно возење и за возачите на камиони и автобуси. Мониторот тука е вграден во предните столбови

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

145
19 shares, 145 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743