за

Рекордот од пред три децении: 50.000 километри за двесте часови

Mercedes 190 E 2.3-16 беше автомобилската ѕвезда на 1983 година. Спортската лимузина нареди импресивна серија рекорди пред премиерата на салонот во Франкфурт.

Патеката Нардо, создадена за соборување рекорди, во периодот од 11-ти до 21-ви август 1983 година беше резервирана за само едно возило. Mercedes 190 E 2.3-16 совлада 50.000 километри за 201 часови, 39 минути и 43 секунди. Дополнително беа поставени уште два светски рекорда на 25.000 километри и девет рекорди во класата. Тоа беше доказ за издржливоста на новата техника што ја поседуваше тогаш најмалиот модел со сребрена ѕвезда, за моторите со четиривентилска техника. На италијанската патека се возеа три идентични возила, кои четири недели подоцна се најдоа на штандот на Mercedes во Франкфурт.

nardo 3

На овалната патека за тестирање со должина од 12,6 километри беа поставени три апсолутни рекорди, на 25.000 километри, 25.000 милји и 50.000 километри, како и уште девет светски рекорди во класата на автомобили со бензински мотор со зафатнина меѓу два и три литри, на 40 степени надворешна температура и 50 степени во кабината.

nardo 2Моторот од 2,3 литри со 16 вентили работеше како швајцарски часовник во деветте денови на возење под полна гас. Сериските 185 КС, во комбинација со аеродинамично оптимирана каросерија, обезбедуваа крајна брзина од 250 километри на час. Просечната потрошувачка на гориво при постојано возење со 6.000 вртежи во минута беше незначително над 22 литри на сто километри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Ford Ka е во завршно тестирање

Силна наелектризираност во Toyota