141
19 shares, 141 points

Швајцарски трговец со скапи автомобили од втора рака бара 2,6 милиони евра за примерок од специјалната серија на Mercedes SLR McLaren во чест на Сер Стирлинг Мос, произведена во 2009 година во само 75 примероци. Идниот сопственик треба да плати четирипати повисока цена отколку на ново.

Mercedes и McLaren во 2009 година го крунисаа суперспортскиот SLR со специјална серија во чест на Сер Стирлинг Мос, кој во 1955 година постигна спектакуларни триумфи со Mercedes 300 SLR. Серијата SLR Stirling Moss одзедоа сé што сметаа дека е вишок на цивилниот болид, вклучувајќи и отсекување на покривот, но и на ветробранот. На крај, возилото тежеше 200 килограми помалку. Од специјалната серија на SLR беа изработени 75 примероци, по цена од 750.000 евра по парче.

Едно од овие ретки возила сега се најде на оглас на швајцарски трговец чијашто специјалност се скапи автомобили. Insidecars бара 2,8 милиони швајцарски франци или 2,6 милиони евра за ова вредно парче автомобилска историја, регистрирано во 2010 година и со 4.800 километри. Тоа е четирипати повеќе од првичната цена на серијата и само малку под цената на ултра-автомобилот Bugatti Chiron. Разликата е во тоа што овој Mercedes SLR McLaren Stirling Moss може да се купи веднаш, додека за Bugatti е потребно и производителот да даде „одобрение“ за продажба.

Цела низа модели со потенцијал за заработка на колекционерите

Цената на SLR Stirling Moss сепак ќе продолжи да расте. Дали дилерот го погодил моментот да го понуди автомобилот на пазар и дали ја погодил и цената, ќе покаже реакцијата на огласот што е објавен на водечките интернет-берзи за автомобили. Овој автомобил не е осамен во ексклузивната понуда на Швајцарците. Покрај него, во нивниот двор се наоѓаат и McLaren P1 од 2014 година за 2,5 милиони франци, Porsche 918 Spyder за 1,95 милион франци, или нешто поевтино, шест години стар Bugatti Veyron со 4.500 километри и цена од 1,35 милион франци.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

141
19 shares, 141 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *