154
20 shares, 154 points

„Ни претставува огромно задоволство тоа што со вистинскиот зафат во еден ситен детал на нано-технологијата можеме побрзо да го задвижиме тркалото на енергетската техника“.

Прашање: Како дојдовте до технологијата Nano Flowcell?

Нунцио Ла Векија: Преку напорна работа и постојан поттик да се надминуваат границите. Често пати ги гасневме светилките во лабораториите многу доцна во ноќта. Мојот институт за симулациска техника во Цирих со години работи на налози што се однесуваат на квантни структури за пренос на полнежи. Во постојаната работа во ова подрачје постигнувавме изненадувачки напредок. Решението одненадеж ни се појави пред очи: Ако успееме да ги развиеме механизмите на квантната физика во вистинската насока преку тридимензионална симулација, на крајот физиката ќе ги следи нашите идеи. Токму тоа се случи. Со Nano Flowcell развивме нов основен енергетски концепт, што е крајно интересен за автомобилската индустрија, како и за другите подрачја во енергетиката во следните години. Постигнавме чудо.

Уште не ги откривате сите детали околу начинот на работа на системот?

Точно. Многу сме внимателни во тој поглед. Прво мораме да се осигураме околу патентирањето. Додека патентите не се заштитат на глобално ниво, мораме во тајност да го чуваме точното функцонирање. Нашите тестови потврдија дека Nano Flowcell е развиен до совршенство. Уште сме многу млади и штитењето од јавноста е од корист. Кај новите акумулаторски системи е исто како со бебињата.

Како накратко ќе ги опишете предностите на Вашиот систем?

Енергетската густина на Nano Flowcell од 600 вати на килограм или литар е повисока отколку кај споредливите системи. За да ја опишам нашата предност, ние сме петпати понапред. Тоа значи дека со нашиот систем може да се вози петпати подалеку отколку со обичните акумулаторски системи, вклучувајќи ги и најмодерните литиум јонски батерии. Покрај тоа, системот е мошне издржлив и еколошки. Речиси не постојат подвижни делови, се ослободува само малку топлина и на тој начин се постигнува степен на ефикасност поголем од 80 проценти. Тоа не е постигнато досега во оваа форма.

Колку системот се вклопува во автомобилската денешница?

Неопходни се драстични модификации во конструкцијата на автомобилот. Исто е како што сите добро осмислени електрични автомобили се разликуваат драстично од автомобилите со обичен погон. За досег од 600 километри е потребно автомобилот да носи до 400 килограми електролит. Секако дека тоа не е можно во обичните автомобили. Нивните резервоари се четирипати помали, но затоа погонот им тежи најмалку 300 килограми и бара простор од околу еден метар кубен. Гледате дека целата конструкција на автомобилот се менува со Nano Flowcell.

Дали планирате сериско производство?

Можеби во иднина. Прво е потребно да го доведеме функционирањето на целиот систем до перфекција. Спортската лимузина Quant-e е во интерес на напредокот на технологијата Nano Flowcell. Слично е како со ролерки, за побрзо да дојдеме до целта во иднината.

Нунцио Ла Векија е член на надзорниот одбор на Nano Flowcell и водечка сила во развојот на системот. Напредното функционирање на овој систем се базира на искуствата и заклучоците што Нунцио Ла Векија ги има постигнато во претходната дејност во научно истражувачката работа. Дизајнот на актуелната спортска лимузина Quant-e исто така поседува неколку револуционерни детали од Нунцио Ла Векија.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

154
20 shares, 154 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *