Техника

Револуционерна идеја: Полнење батерии директно од Месечината

Автомобилите на струја имаат смисла само ако енергијата потекнува од обновливи извори. Еден архитект има решение за тоа. Неговиот уред ја претвора месечевата светлина во струја.

Иднината е во стаклените топки. Тоа важи особено за оваа топка, којашто е наполнета со дестилирана вода и во којашто енергијата на светлосните зраци концентрирани во светлосен сноп се претвора во струја. Тоа не изгледа многу комплицирано, но прво мораше некој да се сети. Андре Бросел е архитект од Барцелона и изумител на Beta.ray.

Системот на Бросел произведува еколошка струја, и тоа дење и ноќе. Во зависност од големината на стаклената топка, светлосните зраци во нејзиното жариште се засилуваат за дури 20.000 пати. Светлината што се концентрира во жариштето на топката се претвора во струја со помош на фотоволтаички ќелии и со мини генератори со топлинска апсорпција.

Beta.ray е висок два метри, изгледа декоративно и футуристички, но што е уште поважно, работи со голема ефикасност. Обичните соларни колектори постигнуваат степен на ефикасност меѓу 17 и 20 проценти, што значи дека само една петина од сончевите зраци се претвора во струја. Рекордот во лабораториски услови изнесува 44,7 проценти.

Четирипати поголема ефикасност од обичните колектори

Пронајдокот на колекторската стаклена топка постигнува степен на ефикасност од преку 50 проценти. На фотоволтаичка површина со димензии 50 х 50 сантиметри се произведува исто толку струја колку што со обичните колектори произведуваат при површина од еден метар квадратен. Според тоа, ефикасноста е поголема за четири пати.

Најголемата корист од пронајдокот на Бросел е таканаречениот микротрекинг. Системот се состои од сервомотори за ротирање на фотоволтаичките модули и мини генераторите, со што се овозможува светлината секогаш да паѓа под оптимален агол врз истите. На тој начин колекторите можат да работат ефикасно и при дуфизна светлина, па дури и на светлината од Месечината. Дење колекторите работат на соларна енергија, ноќе на лунарна енергија.

Цената од 4.000 евра може да падне драстично ако се најде партнер

Новата можност за полнење на батериите ноќе претставува револуција во електромобилноста, затоа што се овозможува батериите на возилата на струја да се полнат кога истите се паркирани. Во случај кога автомобилот не е приклучен на полнење, енергијата се акумулира во посебна батерија во уредот. Голема предност на системот претставува и неговото едноставно и евтино производство. Целиот колекторски систем на соларна-лунарна енергија моментно чини околу 4.000 евра.

betaray1

Архитектот со потекло од Германија е во преговори со две големи компании од автомобилската бранша и се надева дека нивното прифаќање на идејата би придонела цената на системот да се намали драстично. Во случај Бросел да добие позитивен одговор од автомобилџиите, производството на првите полначи би можело да стартува уште во текот на годинава.

6 kWh струја за едно деноноќие

Поголемиот модел на Beta.ray има пречник на стаклената топка од 1,8 метар и при вообичаено сончев ден во средноевропскиот регион произведува околу 6 киловатчасови електрична енергија во едно деноноќие. За споредба, површина од 8 метри квадратни со фотоелектрични ќелии е потребна за дневен просек меѓу 2,5 и 3 киловатчасови. Volkswagen Golf со погон на струја и акумулациски капацитет од 26,5 киломватчасови би требало да биде приклучен неколку денови на Beta.ray за неговите батерии да се наполнат целосно.

Можна примена и на фасади на објекти

Андре Бросел најде и следна можност за примена на неговите стаклени топки што произведуваат струја од светлина. Топките може да се постават по цели фасади и да произведуваат струја за потребите на објектите, но во исто време ќе служат и за нивно разладување, затоа што апсорбираат 75 проценти од топлинското зрачење.

betaray2

За наесен се најавува претставување на мини верзија на Beta.ray. Колекторот во тој случај ќе биде голем колку стаклена топка на претскажувачка на иднина и исто како големата верзија ќе може да произведува струја и дење и ноќе. Со таква големина може да се обезбеди струја за полнење на мобилен телефон или таблет.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729