126
18 shares, 126 points

Холандска фирма изработува рачни часовници во коишто користи делови од стари примероци од Ford Mustang. Нејасно е што станува со остатокот од автомобилот, но тоа што го нуди марката REC им се допаѓа на љубителите.

Врската меѓу моќните и брзи автомобили и скапите часовници постоела отсекогаш. Обично се работи за стилска имитација на највпечатливите детали на автомобили што остануваат запомнети и сакани. Понудата е непрегледна и честопати е темпирана со јубилеите на прочуените автомобили, но пристапот секогаш е ист. Не секогаш. Марката рачни часовници REC не само што го следи стилот на автомобилските икони, туку и ги произведува своите модели на часовници од делови од овие автомобили.

Последната серија „тематски“ часовници на REC се повикува на Ford Mustang, оној првиот од 1960-те. Автомобилот за само една година се продаде во преку 400.000 примероци, четирипати над очекувањата на производителот

Секој часовник од серијата P-51 носи плочка со бројот на шасија од автомобилот од когошто е „изработен“. Поточно, од стари примероци од Ford Mustang на кои им дошол крајот се изработува само подлогата на бројчаникот. Трагите од времето остануваат видливи, тоа им дава оригиналност на овие часовници. Покрај тоа, не постојат два примерока од P-51 што изгледаат идентично.

Рачни часовници со механизам од Miyota и соодветна цена на тоа

Уникатен детал е „покажувачот на моќ“, во стил на мерачот за гориво во резервоарот на Mustang, кој всушност ја прикажува преостанатата енергија во автоматскиот механизам од Miyota. Пречникот на бројчаникот е 38 mm, куќиштето е изработено од нерѓосувачки челик, стаклото е од сафирен кристал со антирефлективен слој.

Постојат три варијанти, кои главно се разликуваат во боите и во материјалот на ременот. Цената е иста за сите три варијанти: 1.495 долари, за парче. Моментно се подготвува следната серија, публиката избира меѓу Willys Jeep, Alfa Romeo Duetto, Supermarine Spitfire, BMW M3 E30 и Triumph Bonneville.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

126
18 shares, 126 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730