136
20 shares, 136 points

Седумстотини работници во Tesla се отпуштаат поради тоа што добиле лоша оцена за својата работа од претпоставените. Во исто време, производителот на електрични автомобили итно бара нови работници.

Tesla уште нема заработено ниту долар од продажбата на своите електирчни автомобили, но и покрај тоа се вбројува меѓу водечките технолошки фирми во светот. За разлика од Apple, кои своите скапи производи ги составува во земји со евтина работна сила, Tesla се произведува на американска територија. Но, како што се покажува деновиве, работното место во оваа компанија е под голема неизвесност. Иако фирмата итно бара нови работници, околу седумстотини постоечки работници од вкупната работна сила од преку 30.000 лица ќе ги изгубат своите места.

Од компанијата соопштуваат дека не станува збор за укинување работни места или преземање мерки за заштеда, туку дел од постоечките работици се саменуваат со нови. Причината за отпуштањето на инженерите, управителите и работниците е лошата оцена што ја добиле за својата работа во изминатата година. Според менаџерите во Tesla, во компанија којашто вработува над 33.000 лица е нормално вработените да се отпуштаат поради слаба ефикасност.

Според Tesla, најмногу отпуштања има во управата и во продажбата

Точни бројки не се наведуваат, најмногу отпуштања има во управата и во продажбата. Локалниот дневник „Меркјури Њуз“ разговараше со неколку вработени, гарантирајќи им анонимност. Луѓето не сакаат нивните имиња да се појават во медиумите, стравувајќи од евентуални репресии.

Некои од отпуштените лица работеле со години во Tesla. Извесен Хуан М. четири години работел во компанијата за електрични автомобили. Тој наведува дека само од неговото одделение во фабриката во Фремонт се отпуштаат шеесет лица. Во последните неколку месеци, Хуан двапати задоцнил на своето работно место. Убеден дека претпоставените нашле разбирање за двете доцнења, среде работа, шефот го потапкал по рамо и му кажал дека мора да бара ново работно место.

Фирмата спречува формирање работни синдикати, отпуштените наводно имале силни заложби за остварување на работните права

Според пишувањата на дневникот, расте незадоволството меѓу вработените во фабриката во Фремонт. Меѓу причините за тоа се наведува и платата што е на потпросечно ниво во споредба со останатите производители на автомобили. Постојат гласини дека претпоставените и луѓето од обезбедувањето постојано вршат притисок врз работниците што се залагаат за формирање работен синдикат. Отпуштените се токму вработени што се залагале за тоа.

Неизвесно е дали бранот отпуштања ќе се повторува секоја година или ќе се заврши на овој единствен случај. Како причина за отпуштањата се наведуваат и проблемите во производството на Tesla Model 3. Економскиот дневник „Вол Стрит Журнал“ неодамна објави дека производствените ленти за електричната лимузина се толку проблематични, што возилата мора да се изработуваат рачно.

Големата чистка можеби претставува обид проблемите во производството да се стават под контрола. Но, веќе се навестува следниот проблем. Вработените што добиле позитивни оцени за својата ефикасност, сега бараат зголемување на платата и бонуси.

Филмовите“ се само забава.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

136
20 shares, 136 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743