162
21 shares, 162 points

Има ли решение за хаосот со автомобиливе? Општ хаос! Отровен воздух, збеснати шофери, раскантани мерцедеси, секој ден погибија, ненаситни пајаци, униформирани изнудувачи … Решение има. Едно!

Сите статистики може да се фризираат, анкети да се наместат, медиуми да се прикупат, јавноста да се замае. Но, секојдневната слика по улиците останува. Раскантаните и некогаш луксузни лимузини и теренци по улиците, за коишто десетици илјади сакам-да-се-правам-газда на времето беа подготвени да го сменат и државјанството, ни го посеруваат секој ден по улиците – и не само по нив. Можеби за оваа сериозна тема би се очекувало да се зборува со подеднакво сериозен тон, но не може поинаку освен „на гомнарите со гомнарски цевки“ – во стилот на „Среќна нова ‘49“.

Милионпати досега се пишувало и зборувало за срамотната загаденост на воздухот во македонските градови, којашто нé става на исто рамниште со најзаостанатите држави во Азија или Африка. Некои други исто толку пати „нашле“ и напишале дека вината е во отсуството на филтри на фабриките. Нема врска тоа што сите нормални и нережимски средини веднаш ги запираат гадните автомобили и место во омразени споменици и згради инвестираат во обновување на возниот парк. Кај нас тоа не важи.

Нема врска ниту тоа што народни пари се трошат дрско на преценети безбедносни кампањи, од коишто само народот останува без ќар. Нема врска ниту тоа што полицајци казнуваат студенти како минуваат на црвено на пешачки, убедени дека со тоа го решиле проблемот со гинењето по улиците, додека на истата улица пролетуваат раскантаните лимузини, коишто се гордост за возење само кај нас и во Африка. Некој ќе рече: „Сиромашни сме, немаме пари за нови автомобили…“ Сиромашни сте во главата, вие копуци низаедни, заедно со тие што ви дозволија да правите срање по улиците! Зарем нова Dacia чини повеќе од дваесeтгодишен Mercedes, кренат од нива во Бугариите? Волови едни низаедни, умрени да пуштите нозете да ви смрдат во уште поусмрдени крнтии од бугарски плацеви!

Недоквакани и џгољави психотични будалетини ни убиваат деца по улиците и потоа трчаат по болници за да исплачат тато да ги извади од бељата. И никој нема да обвини никого, сите ќе молчат од страв автомобилите да не престанат да се движат по улиците. Токму така, автомобилите се главните полначи на државната каса. Половина од цената на горивото оди во буџет, исто како што одат и патарините, паркирањата, запленувањата од пајаците, казните од возење со извалкани гуми, регистрациите, сé што на каков било начин е поврзано со автомобилите!

Затоа, постои само едно решение. Да ги оставиме нашите автомобили паркирани и да ги пуштиме овие другиве конечно да уживаат во нивните ‘рѓосани од посерување лимузини од среде нива, онака како што си замислиле кретените. Кога ќе останат сами, тие ќе решат дека повеќе не им требаат и ќе ги искорнат сите сообраќајни знаци и ќе ги испокршат сите семафори, ќе ги исцрнат сите пешачки премини и ќе ги исплукаат сите сообраќајни редари. Нека возат овие со триста на сат, ич нека не запираат на крстосница и да не ни помислуваат да отидат во сервис или на технички преглед. Нека се судираат мајчината им до коска, меѓусебе, од иста сорта, нека се исчистат, сами нека си изгинат. Нека испогинат тие непрокопсаните, подобро отколку ние недолжните. Нека ги читаат само на купениве вести и ич никој нека не ги жали. Испокршените коли ќе им ги претопиме во ѓезвиња за кафе и дури ич нема ниту да помислиме да ги опсуеме уште еднаш, додека си раатисуваме во кафето. Нека трае колку сака, со месеци, можеби година или две, но ќе го издржиме и тоа, на крај ќе си ги добиеме назад нашите улици. Чисти, од секаков вид ѓубре! Дотогаш, ние ќе си се возиме на тротинети, далеку и на безбедно од недостасаниве. Горди, затоа што на крајот сепак ние сме победниците.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

162
21 shares, 162 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743