119
17 shares, 119 points

Кога температурите се во пораст и концетрацијата на полен е зголемена, на помош се повикува клима уредот. Но, потребно е тој прво да се провери во сервис

Со текот на времето се разредува средството за ладење во клима уредот, а со тоа се намалува и неговата ефикасност. Нечиста или затната вентилација исто така може да предизвика ослабување на клима уредот. Ако тој се снабдува со нечист воздух, не може да работи правилно, а тоа значи препотување во кабината и непотребно зголемување на потрошувачката на гориво. Кога сервисната работилница ќе утврди дека уредот не може да излади на помалку од 10 степени Целзиусови, потребно е негово сервисирање.

Клима уредот е работа за професионалец. Корисно е уредот да се проверува во сервис најмалку еднаш годишно, особено кога на тој начин се поштедува уредот од скапите поправки, како на пример замена на компресорот. Обична визуелна проверка е недоволна да се процени состојбата. При сервисирањето се врши и дезинфекција на уредот од бактерии и габи. Покрај тоа, се проверува и средството за ладење, односно се дополнува системот.

Редовната замена на филтерот е основа на доброто одржување на климата. Алергичарите се особено чувствителни на стари и заситени филтри, кои со текот на времето се полнат со полен и претставуваат извор на истиот. Препорачливо е клима уредот да се изгасне пет минути пред пристигнувањето на одредиштето. На тој начин  се спречува создавањето на батерии и габи и се обезбедува свежина на воздухот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

119
17 shares, 119 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *