Екологија

Производители на чоколади и мебел бараат почисти камиони

Светски познати компании, како Икеа, Нестле или Сименс, побараа ЕУ да донесе построги закони за ограничување на емисијата на стакленички гасови од камионите. Алтернативните погонски решенија обезбедуваат пониска потрошувачка на гориво, а тоа води директно кон повисока профитабилност на компаниите со големи возни паркови.


Notice: jannah_get_ajax_loader е застарен уште од верзијата 2.1.0! Наместо него користете го tie_get_ajax_loader(). in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3840

Не се случува секој ден, индустриски гитанти да се борат за донесување построги закони за издувни гасови од камионите пред Комисијата на ЕУ. Шведскиот производител на мебел Икеа, францускиот синџир супермаркети Карфур, најголемиот производител на храна во светот Нестле, шпедицијата ДБ Шенкер и концернот Унилевер, бараат Комисијата на ЕУ повеќе да се заложи за заштитата на животната средина. Според нив, неоподни се драстични промени во сообраќајот.

Во својот допис до претседателот на комисијата Жан Клод Јункер, компаниите наведуваат дека 27 проценти од севкупната емисија на стакленички гасови во ЕУ потекнуваат од сообраќајниот сектор. Тешките камиони моментно учествуваат со 25 проценти, но нивниот удел нагло ќе се зголемува во иднина. Комисијата пресметала, дека емисијата на стакленички гасови од камионите, до 2030 година ќе се зголеми за 28 проценти во споредба со 2015 година.

ЕУ веќе работи на новата регулатива и ќе ја претстави веројатно кон средината на мај

Компаниите бараат ЕУ да донесе построги ограничувања за штетните емисии од камионите, односно потрошувачката на гориво на влекачите да се намали за 24 проценти до 2025 година. Комисијата веќе работи на нова регулатива за издувните гасови од камионите и веројатно ќе ја претстави во средината на идниот месец.

Автомобилската индустрија буквално го сопира напредокот кон почисти и поевтини погонски решенија, коишто се неопходни за зачувување на животната средина. Децениските врски на производителите на возила со политиката ги поштедуваат првиве од инвестирање во нови технологии и производствени капацитети.

Но, во меѓувреме и третата страна станува сé погласна и повлијателна, а тоа се компаниите на коишто заштедата во потрошувачката на гориво им се рефлектира директно во профитабилноста.

Дополнително оптоварување ќе биде воведувањето патарина чијашто висина се одредува според емисијата на СО2 од камионите.

 

    Во исто време и здружението на европските производители на автомобили АЦЕА се бори за своите интереси и исто така предлага намалување на емисијата на СО2 од камионите, но не за 24%, туку за само седум проценти до 2025 година. Оттаму предвидуваат дека емисијата ќе се намали за 16 проценти до 2030 година, за што производителите ќе мораат да потрошат огромни суми пари.

    Наспроти тоа, гигантите во производството и продажбата на храна и мебел пишуваат до Комисијата, дека потрошувачката на гориво на влекачите би можела да се намали за дури 45 проценти до 2030 година. Инвестициите што се неопходни за тоа да се постигне, би се амортизирале по само две години.

    Производителите на камиони бараат пари од државата

    Здружението на авто-производители АЦЕА, сепак инсистира, трошоците за преоѓање на почист и поштедлив погон да се префрлат на товар на даночниците. Оттаму бараат, ЕУ да инвестира во полначи за струја, како и да обезбеди субвенции со коишто ќе се поттикне продажбата на камиони со алтернативен погон.

    Дописот од Икеа, Нестле и останатите компании до Комисијата на ЕУ е охрабрувачки чекор и докажува дека од реномираните субјекти од најразлични сектори може да се очекува силен притисок врз законодавството, а оттаму и врз производителите на камиони, затоа што пониската потрошувачка на гориво им обезбедува и поголема профитабилност во работата.

    Tags

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Close

    Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730