191
24 shares, 191 points

Додека електрониката напредува секојдневно, производителите на автомобили и натаму одбиваат да ги заштитат километражите од манипулации преку коишто „ќаруваат“ продавачите.

Автопроизводителите моментно се окупирани најмногу со автономни возила и лесно поврзување со мобилен телефон, но едно „забораваат“ и натаму. Автомобилите и натаму не поседуваат заштита од враќање на дигиталната километража, иако техниката што го овозможува тоа се користи веќе со години.

Чиповите што можат да се искористат за спречување на „препишувањето“ на податоците од километражата не само што постојат долго време, туку им се добро познати и на самите производители на автомобили, или барем, на нивните добавувачи. Меѓу другото, производителите ги користат овие т.н. мемории HSM за заштита од чип-тјунинг. Модулите се конструирани на тој начин, што еднаш впишаните податоци повеќе не моќат да се избришат или променат. На тој начин се оневозможуваат зафатите на чип-тјунерите.

Истата оваа техника може да се користи за заштита од манупулации со километражата. Внесувањето на оваа дополнителна функција во чиповите, односно нивното „програмирање“, претставува минимален зафат и според процените на експертите, примената на оваа заштита би чинела најмногу едно евро по возило. Производителите очигледно немаат интерес да го решат проблемот, и покрај тоа што повеќето од нив нудат лизинг и самите можат да „добијат“ назад автомобил со вратена километража.

Доколку манипулацијата се изврши професионално, не остануваат никакви траги. Самата процедура трае помалку од една минута и може да се изврши буквално среде улица. Преку враќањето на километражата се постигнува повисока продажна цена на возилото, неретко и двојно повисока од реалната. Тоа не е ништо поразлично од кражба.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

191
24 shares, 191 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743