Download WordPress Themes, Happy Birthday Wishes
Вести

Произведен првиот примерок од новата класа Е на Mercedes

Во фабриката во Зинделфинген, утрово стартуваше производството на „најинтелигентната бизнис лимузина во светот“. Новата класа Е на Mercedes може да го замени возачот, но некој сепак мора да ја произведе.

„Најинтелигентната бизнис лимузина во светот“, како што Mercedes со милост ја нарекува новата класа Е, утрово стартуваше со производство во фабриката во Зинделфинген. Mercedes годишно произведува по два милиона примероци од своите моделски серии, но оваа е нешто особено. Технологијата на автономно возење со којашто располага новата класа Е постигнува предност пред конкурентските системи и во поголем број ситуации може да го одмени возачот. Сето тоа, со цел да се постигне ново ниво на комфор во возење, но уште повеќе заради безбедност.

Станува збор за моделска серија што е столб на историјата на марката од Штутгарт и со над 13 милиони примероци е најпроизведувана серија на Mercedes. Специјално за оваа пригода, зад првиот произведен примерок од новата класа Е, на излезот од монтажната лента се наредија и сите девет претходни моделски серии.

Најголемата гордост кај новакот е опционалниот пакет за асистенција Drive Pilot. Системот Distronic што е дел од овој пакет, за првпат овозможува возилото на автопат самостојно да ја регулира брзината според сообраќајот пред него, но и да го следи, односно соодветно да управува во свијоци, па дури и самостојно да менува лента по барање на возачот. Сето тоа може да се случува до брзина од 210 km/h.

Иновативни дигитални технологии се користат и за производството. Специјалитет е таканаречената виртуелна монтажа при развојот и конструирањето на возилото. Вработените во производството, во просторија со камери вршеа монтажа на виртуелни компоненти во дигитална симулација на возилото. На овој начин, тимот можеше да ги оцени и оптимизира сите процеси од производството, односно да се подготви за подоцнежното „реално“ производство.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730