157
20 shares, 157 points

Откако Twizy стартуваше во 2012 година, француската марка продаде 15.000 примероци од малечкиот двосед со погон на струја, на повеќе од 40 пазари низ целиот свет. Renault има дури три модели на струја.

Од сите европски марки, Renault напредуваше најдалеку со погонот на струја. Покрај електричниот Zoe, којшто има големина и функционалност на Clio, како и доставниот Kangoo Z.E., Renault има во редовна понуда и трет модел, Twizy. Авангардниот дух на француската марка се исплатеше. Zoe досега има постигнато продажба од преку 22.000 примероци, исто колку и електричниот Kangoo, додека најмалечкиот и најпалавиот Twizy штотуку ја достигна бројката од 15.000 примероци.

Јубилејниот модел е испорачан во италијанскиот град Фиренца, каде што вкупно 70 возила со погон на струја се користат во комуналните дејности, од кои 53 примероци Twizy и 17 примероци од Kangoo Z.E. Според градоналачникот Дарио Нардела, „електромобилноста е добра за зачувување на животната средина, помала бучава и заштита на нашето културно наследство.“ Renault соработува со 120 влади, градови, енергетски компании и други организации во светот, со цел да се поттикне користењето на возила со погон на струја.

[quote_box_right]Заедно со партнерот Nissan, Renault досега има продадено 200.000 електрични автомобили, што претставува 60 проценти од пазарот – повеќе од сите други производители заедно. Со 70.000 примероци, продажбата лани достигна пораст од 20 проценти. Најзастапен модел секако е Nissan Leaf, којшто досега е продаден во 150.000 примероци, повеќе од кој било друг патнички автомобил досега.[/quote_box_right]

Twizy користи само погон на батерии и со ширината од 1,2 метар се движи чисто, лесно и подвижно како скутер, но поради четирите тркала, класични педали и волан се вози лесно како автомобил. Совозачот седи зад возачот во каросерија со должина од само 2,3 метри, но со висока безбедност. Стандардната верзија има моќност од 18 КС и постигнува 80 km/h, додека верзијата Twizy 45 располага со моќност ограничена на 5 КС и постигнува 45 km/h, поради што може да се вози веќе од возраст од 14 години. Со полни батерии и во градски услови, Twizy вози до 100 километри. Послабиот модел постигнува досег од дури 120 километри. Тоа е сосема доволно за повеќе денови да се вози со едно полнење.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

157
20 shares, 157 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *