148
20 shares, 148 points

Европските производители се жалат на несопирливиот раст на продажбата на корејските марки. Но, во Кореја е обратно. Домашните марки се соочуваат со продажен бум на престижните марки од Европа.

Договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Кореја им овозможи на корејските марки Hyundai и Kia во последните три години да забележат уште поинтензивен раст на продажбата и зголемување на пазарниот удел, на сметка на големите европски марки како Peugeot, Citroen и Opel, но и на марките Ford и Volkswagen.

Поради тоа, асоцијацијата на европски производители на автомобили реагира на нееднаквите шанси за раст, кои што новата слободна трговија им го нуди на Корејците и на Европејците. Затоа, пак, европските производители возвраќаат во еден сегмент, во кој што нивната продажба во Кореја се зголемува вртоглаво – во сегментот на луксузните возила.

Веќе две години Кореја се соочува со растечки тренд за возила од премиум сегментот од увоз. Нивниот удел се зголеми од 28 на 41 процент во периодот меѓу 2011 и 2013 година. Со тоа во Кореја заврши повеќедецениската доминација на луксузните возила од домашно производство, кои што се апсолутно непознати во Европа.

Главната причина за новиот тренд е договорот за слободна трговија кој што стапи на сила во 2011 година. Со договорот се спуштија увозните царини на европските возила од 8,0 на 4,0 проценти. По неколку меѓустепени, во 2016 повеќе нема да се плаќа царина за нови возила.

Марките што најмногу профитираат од новите услови се претежно од германско производство, односно BMW, Mercedes и Audi. Во првиот квартал од годинава, нивната продажба се зголеми за 25 проценти. Продажниот удел на овие марки и натаму е релативно низок, но големата добивка од продажбата на луксузни возила им наштетува на корејските производители. Познато е дека заработката од продажбата на возила од премиум марките е неспоредливо поголема отколку кај поевтините возила. Тоа ги загрижува Hyundai и Kia. Трендот несомнено ќе предизвика негативен ефект врз заработката на корејскиот концерн.

kia k9 front
Увозните марки ја загрозуваат продажбата на домашните луксузни модели како Kia K9. Домашните марки се загрижени за намалената заработка од продажбата на скапите лимузини

Ривалството ќе се разгорува и натаму. Mercedes најави дека наскоро ќе започне со продажба на класата А во Кореја, со што германската марка ќе ги освои солвентните млади купувачи од растечката средна класа. Hyundai веќе реагираше на загубите во вишата класа и значително ги намали цените на дел од своите престижни возила.

Купувачите на скапи возила цели две децении беа лојални кон домашните марки. Но, во меѓувреме увозните марки добија конкурентни цени. Експертите советуваат домашните марки да го подигнат нивото на продажната мрежа за нивните престижни модели и да ги спуштат високите трошоци за сервисирање на возилата од овој сегмент.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

148
20 shares, 148 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743