127
17 shares, 127 points

Предизвикот да се обиколи земјината топка со автомобил пред 80 години ѝ донесе голема слава на чешката марка и ја докажа издржливоста на Škoda Rapid.

Пред точно 80 години, Škoda Rapid го заврши патот околу земјината топка. На авантурата што траеше 97 денови, од коишто во возење беа поминати само 44 денови, Братислав Јан Прохаска и Јиндрих Кубиас поминуваа во просек по 630 километри дневно и ја докажаа натпросечната издржливост на моделите на Škoda. Маратонските тури со Škoda Rapid и Škoda Popular, долги и до 52.000 километри, го привлекоа вниманието на светската јавност.

На местото на тогашната починка во рускиот град Калуга, по некоја случајност денес се произведува новата генерација на ŠKODA Rapid
По некоја случајност, на местото на тогашната починка во рускиот град Калуга, денес се произведува новата генерација на ŠKODA Rapid

Светската турнеја започна на 25-ти април 1936 година во Прага. Главен возач на експедицијата долга 27.700 километри со Škoda Rapid беше прашкиот претприемач Бретислав Јан Прохаска, додека во улога на навигатор и втор возач се најде Јиндрих Кубиас. Ѕвезда на потфатот сепак беше минимално модифицирана Škoda Rapid, со централна цевна рамка, задвижувана од 1,4-литарски мотор со четири цилиндри и 31 КС. Со независно водење на сите тркала и со хидрауличен систем за сопирање, Rapid успеваше да ги совлада и теренските етапи – тогашната патна мрежа се состоеше првенствено од макадамски патишта. Обиколката околу земјината топка траеше вкупно 97 денови, при што на превоз со траект и царински формалности отпаднаа 53 денови.

Во рускиот град Калуга денес се произведува токму „правнукот“ на Rapid

По стартот во тогашна Чехословачка, Прохаска и Кубиас го продолжија патешествието низ Германија, Полска, Литванија и Летонија, за потоа да се впуштат во непрегледното пространство на Советскиот Сојуз. На етапата од Москва до Баку во Азербејџан, Škoda Rapid направи мала починка во рускиот град Калуга. Во новоизградената фабрика на Škoda во овој град денес се произведува токму моделот Rapid од новата генерација, правнук на историскиот авантурист.

Славното трио модели на Skoda од периодот пред војната: Superb, Rapid, Popular
Славното трио модели на Skoda од периодот пред војната: Superb, Rapid, Popular

По преминувањето со траект преку Каспиското Море, Škoda Rapid се упати кон Иран, кадешто тимот се најде среде песочна олуја. За да надоместат за изгубеното време, Прохаска и Кубиас решија да ја возат етапата од Пакистан до Мумбаи без престан три денови и навреме да стасаат за траектот од Индија до Шри Ланка. По возењето низ Малезија и Сингапур, следеше уште едно качување на траект, за преку Хонг Конг и Шангај, Škoda Rapid да се истовари во Кобе, во Јапонија. Потоа се возеше до Хонолулу, следеше превоз до Сан Франциско и тура долга 5.300 километри до Њујорк. Оваа долга етапа од едниот до другиот брег беше совладана за 100 часови и 55 минути, поставувајќи нов рекорд, скусувајќи повеќе од девет часови од претходниот рекорд. Последната етапа беше од Шербург во Франција, преку Парис и Нирнберг, до појдовната точка, Прага.

Факти за обиколката на земјината топка со Škoda Rapid во 1936

  • Возило: Škoda Rapid 1.4 SV
  • Времетраење на патувањето: 97 денови, од кои чисто во возење 44 денови
  • Пропатувани земји: 15
  • Пропатувани континенти: Европа, Азија, Северна Америка
  • Извозени километри: 27.700 km
  • Најдолга дневна етапа: околу 1.000 km
  • Најкуса дневна етапа: 50 km
  • Вкупно потрошено гориво: 2.820 L
  • Просечна потрошувачка: 10,2 L на 100 km
  • Вкупна потрошувачка на масло: 54 L
  • Патни трошоци: > 89.600 круни (1936 година)

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

127
17 shares, 127 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730