156
20 shares, 156 points

Малку e познат фактoт дека француската марка Citroen до 1935 година произведуваше автомобили во германскиот град Келн. За неполни десет години се произведоа околу 20.000 најразлични автомобили и камиони.

По продукција од околу 20.000 возила, на 4-ти декември 1935 година заврши едно важно поглавје на Citroen во Германија. Првата и досега единствена фабрика на Citroen во Германија тогаш престана да работи. Петстоте вработени во фабриката во Келн изработуваа по триесетина возила дневно, пред условите за производство да станат премногу сложени за странските претпријатија во Германија во 1934 година. Една четвртина од персоналот сепак продолжи уште неколку недели со работа во фабриката на Citroen во Келн, заради сервисирање на возилата на клиентите и снабдување со резервни делови.

Уште во 1927 година во фабриката во Келн се користеше подвижна лента за произодството на возила
Уште во 1927 година во фабриката во Келн се користеше подвижна лента за произодството на возила

Од 1932 година, фабриката се водеше како германска

Citroen ја отвори фабриката во Келн во 1927 година и тоа беше прва фабрика во градот во којашто се користеше подвижна лента. Во почетокот се испорачуваа компоненти за возилата од Париз, за подоцна да се приклучат и германските добавувачи, како Bosch и Continental. Од 1932 година, фабриката се водеше како германска.

Од отворањето на фабриката на 15-ти февруари 1927 до 1935 година се произведоа 18.710 возила на Citroen, вклучувајќи ги моделите B14, C4, C6, серијата Rosalie и легендарниот Traction Avant. Покрај тоа, се произведоа уште 1.541 автобуси, влекачи, камиони, транспортери за живина и возила со гасеници.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

156
20 shares, 156 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *