140
19 shares, 140 points

Вечното трио на премиум модели во средната класа повторно се мести за одмерување на силите. Новата класа C е на ред да покаже што умее и колку умее. Auto Bild сето тоа го евидентираше со бодови.

Водечкиот европски магазин за автомобили ги нареди трите германски модели од премиум сегментот во средната класа на споредбен тест, во основните моделски изведби A4 1.8 TFSI, 320i Efficient Dynamics Editionи C 180. Auto Bild нагласува дека при развојот на новата класа С, Mercedes се навраќа на старите доблести, односно на комфорот и безбедноста, но „дали тоа е доволно да се совладаат докажаниот BMW 3 и зрелиот A4,“ прашува магазинот.

Веднаш на почетокот на споредбениот тест, Auto Bild го пофалува кокпитот на Mercedes: „Внатрешноста е елегантна и изгледа благородно, совршено е изработена и пријатна е на око“. Класата С нуди и најмногу простор напред. Изненадувачки за магазинот е тоа што новакот со сребрена ѕвезда е потесен на задната клупа во споредба со „тројката“, иако е за 10 сантиметри подолг од претходникот и седум сантиметри подолг од BMW.

Кај Баварецот се забележува за евтиниот изглед на материјалите, иако изработката е во ред. Пофалби кај BMW добива и ракувањето, со логичен распоред и прегледни менија, додека централниот командер кај Mercedes е поставен премногу назад и менијата бараат привикнување. Во подрачјето на каросеријата, Audi е просечен, меѓутоа веќе одамна тој не е во цветот на младоста. Дизајнот на таблата е подзастарен, исто како и ракувањето. Во ова поглавје, на крајот победува Mercedes, со голема предност пред BMW.

Моторите во тест моделите го следат принципот на „даунсајзинг“. Во C 180 и 320i Efficient Dynamics Edition работи 1,6-литарски турбобензинец, додека моторот на Audi има 200 сантиметри кубни повеќе. Иако вредностите на хартија изгледаат скромно „во никој од трите конкуренти не се стекнува впечаток дека моторот е недоволно моќен.“ Најлесно се движи BMW. Забрзувањето е подобро отколку кај Audi и Mercedes, и иако има 70 њутнметри помалку од Audi, „тројката“ повлекува најсилно.

Затоа, пак, моторот во BMW бара високи вртежи за подинамично возење, при што се губи вообичаената култивираност на моторите на BMW „Мали вибрации и здодевно татнење не спаѓаат во оваа класа на цени“, критикува Auto Bild. Но, ниту „тромавиот“ мотор на Mercedes не звучи подобро при високи вртежи, и тоа пречи особено покрај фактот што каросеријата на класата С е изолирана исклучително добро.

Моторот во Audi работи посмирено, звучи симпатично и при високи вртежи и тивок е. Причината што A4 не победува во поглавјето на погонот е тоа што тој единствен на тестот вози со мануелен менувач. За разлика од BMWи Mercedes, Audi не нуди автоматски менувач, туку безстепен Multitronic. Иако нема забелешки за неговата работа, мануелниот менувач во А4 не може да се носи со речиси совршениот осумстепен автоматик во BMW и со по малку инертниот и нервозен седумстепен автоматик во Mercedes. Во погонот победува BMW, но не поради тоа што вози подобро, туку затоа што троши половина литар помалку од Audi и Mercedes.

Во класата C, за прв пат во средната класа е достапна пневматска амортизацијаи истата добива највисоки оцени од магазинот: „Класата Cе неприкосновен шампион во комфорот. Тоа совршено одговара на карактерот на Mercedes“, кој спокојно и суверено ги совладува дури и најгрубите нерамнини и на куси бранови амотизира толку меко „што возачот се чувствува како да седи во лимузина од високата класа.“

При крајното сумирање на резултатите од тестот, AutoBild потврдува дека најдобриот автомобил во средната класа повторно доаѓа од Mercedes, меѓу другото поради фактот што „Швабите повторно се повикаа на старите вредности“. Класата С е комфорна и суверена, освојува со благородната внатрешност. На крајот, сепак, победува BMW. Тој не вози ништо полошо, но е значително поевтин од Mercedes. „Малку подзастарениот Audi повеќе не може да се носи во оваа висока конкуренција, и покрај пониските цени“, заклучува Auto Bild.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

140
19 shares, 140 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743