94
14 shares, 94 points

Нова големина на теренци е во силен пробив на пазарот. Ако некој очекува тоа и натаму да бидат оние робусни, масивни и застрашувачки метални џинови на тркала, ќе се разочара. Овие нови теренци се малечки, со елегантна каросерија, со основни мотори со одвај нешто повеќе од 100 КС. Но, народот ги бара овие теренци.

Конкурентската битка да се понуди повеќе од другите доведе дотаму да се поместат границите на класите. Автомобилите пораснаа. Тоа што некогаш беше градски автомобил, денес е големо и брзо колку компакт од пред една или две генерации. Компактите, пак, станаа благородни и комфорни како лимузините од средната класа. Сите класи се поместија без исклучок, се прераснаа. Неприродниот раст подзабави дури откако производителите забележаа дека купувачите при изборот на новиот автомобил се префрлуваат една класа подолу. Ако порано возеле Golf, сега им е доволно и Polo.

Луѓето се задоволни со големината на возилото што го поседувале или го планирале претходно, а тоа сега го добиваат во класа подолу. Пониската потрошувачка на гориво и пониската емисија на СО2, во државите во ЕУ каде што давачките при регистрација се одредуваат според чистотата на издувот, претставуваат решавачки фактор да се избере автомобил од пониската класа, исто како и цената.

Со моделите како Chevrolet Trax, теренците стануваат достапни за поширок круг на купувачи

Многу повеќе цената. Сега теренец можат да си дозволат и купувачите на кои што моделите со големина како Chevrolet Captiva или Opel Antara им биле прескапи или преголеми за во секојдневието. Неколку модели веќе со години опстојуваат успешно во најмалата големина на теренци. Skoda Yeti, Mini Countryman и Nissan Juke се само неколку од моделие од овој сегмент од пазарот кој е во постојан раст.

Во двоен раст! Додека во 2008 година пазарот за овие возила изнесувал 130.000 примероци, во 2012 година оваа бројка веќе надминува 260.000 примероци. Речиси секојдневно никнуваат нови модели во класата. Renault Captur е во ран старт, а уште многу производители имаат најавено влез во класата на малечките спортски теренци, меѓу нив Peugeot, Ford и Volkswagen. Време за чекање повеќе нема. Кој задоцнил, загубил.

Иако е долг 4,2 метри, на улица Trax изгледа многу позрело и покрупно

Chevrolet реагира точно навреме со стартот на продажбата на компактниот Trax. Тој е базиран на модифицирана платформа од актуелната Corsa од братот од концернот и ги има истите мотори и истиот погон на сите тркала како Mokka. Иако каросеријата мери само 4,2 метри меѓу браниците, на улица возилото изгледа масивно и претставително, дури може лесно да се помеша со Captiva.

Малечкиот спортски теренец ги носи двојната маска и златната машна како заштитен знак на марката. Отстрана Trax прикажува голема самоувереност и најавува висока динамичка способност со раширените предни и задни крила, исто како и со праговите, додека порабувањето на арките на крилата и праговите, и небојадисаната долна половина од браниците, симболично ги претставуваат теренските гени на возилото. Носачите за багаж на покривот се во стандардното ниво на опрема.

Понудата во Македонија стартува од 15.749 евра за бензинец со 115 КС

Chevrolet ги објави македонските цени за Trax паралелно со првото возење на моделот во регионот на Задар, во Хрватска. Понудата стартува со Trax 1.6 со погон напред и со ниво на опрема LS, за 15.749 евра – тука веќе се навестува зошто пазарот е одушевен од новата големина на теренци. Во LS влегуваат поделена задна клупа и висинско местење на возачко седиште, електрика на предни прозорци и на ретровизори, централна брава со далечинска команда, темпомат, мануелен клима уред, радио со команди на волан, блутут, USB и приклучок за надворешни уреди. Ништо не недостига уште во старт, но тоа и не е новитет кај марката.

Глобалната марка на General Motors има многу модели на теренци кои ги нуди на светскиот пазар – Captiva, Equinox, Traverse, Tahoe и Suburban. Покрај нив, Trax е најмалиот во друштвото, но тоа не значи дека е малечок. Со поголемото растојание до покривот и со повисоките прозорци се стекнува впечаток дека кабината е поголема од фактичките вредности. Кога погледот ќе се спушти долу, во висина на лактите, се забележува дека во основата сепак се работи за возило од градската класа.

Со просторноста на кабината, Trax е меѓу Corsa и Astra

 

Да нема погрешни заклучоци, со просторната понуда Trax е меѓу Corsa и Astra, при што е поблиску до вторава. Тоа важи и за задната клупа. Со просторноста може да се биде и повеќе од задоволен, што не важи и за конфигурацијата на клупата. Седечката површина на задната клупа е за нијанса прекуса и прениска за да овозможи правилна потпора по целата должина на натколената и релаксирано возење на подолги релации за возрасен патник со просечен раст. За деца е комотно. Тоа се впрочем вообичаените ограничувања на класата од кои што ретко кој модел прави отстапка. Во секој случај е подобро да има повеќе простор и одвреме навреме да се поднамести седењето, отколку просторот да е претесен, па да нема и како човек да се поднамести.

Trax вози динамично по кривулестите патишта околу Задар

За европската презентација на новиот Trax во Задар, Chevrolet избра комбинирана рута од брзи кривулести патишта по пустиот карст и долги етапи по одличните хрватски автопатишта. Организаторот го понуди Trax во бензинска и дизелска изведба со погон на сите тркала. Со 1,4-литарецот со турбонатполнење и 140 КС, малечкиот теренец се вози исто како модерен компакт со моќен мотор, односно дозволува ниско ниво на вртежи, за штедливо и пријатно возење, со добри врски меѓу степените на пренос, и како награда, со просечна вредност на потрошувачка со седумка пред запирката. Системот старт-стоп е стандард кај сите модели со мануелен менувач.

Со возните својства Trax е над просекот во класата, со умерено навалување на каросеријата во свијоци и со безбедно најавување на влегувањето во граничното подрачје. За поголема динамика и спортски ориентирано возење недостига уште мала доза на повратна информација во управувањето. Затоа, пак, најмалечкиот теренец на Chevrolet надоместува со убедлив комфор во возење во рамките на можностите на техниката што ја поседува.

Дизелскиот мотор раскажува друга приказна. Неговата предност е во гигантскиот вртежен момент од 300 њутнметри, иако и бензинецот се држи одлично со своите 200 Nm, што дозволува возење со поретко посегнување по рачката на менувачот, дури и при престигнување со просечно темпо. Тоа што најмогу го разликува 1,7-литарецот е бучноста. Во секој случај, на презентациите се возат претсериски примероци и сосема е можно до стартот на редовното сериско производство да биде подобрена звучната изолација. Од бучноста може да пречи повеќе единствено непријатната фреквенција на моторот, што пречи при подолго возење по автопат. За среќа, работниот звук на дизелот не влегува во тоа фреквентно подрачје.

Со мала доплата се добива многу повеќе

Вообичаено за Chevrolet, со мала доплата над почетното ниво на опрема се добива многу. Во случајов, второто ниво LT, кое чини  1.700 евра повеќе од основното LS, во возилото дополнително се добиваат електрика за задните прозорци, греење на ретровизорите и трепкачи интегрирани во нив, автоматика на светла, систем MyLink со камера за рикверц и паркинг сензори, алуминиумски бандажи од 16 инчи, магленки, помош при спуштање по надолнина, хромирани детали на каросерија, заштита на подвозје, кожа на волан, патен компјутер и осветлување на инструментите во сина боја.

На македонскиот пазар, покрај 1,6-литарскиот бензинец, единствено дизелот е достапен во изведба со погон напред, во повисоките нивоа на опрема. Задната оска се впрегнува за дополнителни 2.000 евра. Турбо бензинецот секогаш е во верзија 4х4, при што најевтиниот модел 1.4T LS чини 18.749 евра, а најскапиот 21.149 евра, со бандажи од 18 инчи и седишта од вештачка кожа, со грејачи напред. Кој бара автоматска клима со двозонска контрола или ксенонски светла сепак ќе мора да побара возило во повисокиот сегмент, или во дел, кај братот од коцнернот, Opel. Според вообичаените улоги на марките во концернот, за молња во маската треба да се плати најмалку 18.130 евра. Споредливата понуда кај Chevrolet чини 15.749 евра. Во секој случај, тоа е работа на избор.

[box type=”shadow” ]Chevrolet повторно е на вистинската патека

Trax е малечок теренец или кросовер, сеедно, кој излегува во пресрет на барањата на купувачите. Тој е поевтин од кој било друг теренец што досега се нудел на пазарот, со исклучок на Skoda Yeti и Dacia Duster, но во исто време и позрел. Со просторноста, со комфорот во возење и со капацитетот на погонот, Trax се поставува повеќе како алтернатива на класичните компакти, интересна за купувачите што негуваат активен животен стил или сакаат со возилото да се издвојуваат од уличното сивило. [/box]

[box type=”success” ]Предности

Релативно високо ниво на комфор
Просторна кабина споредлива со компакт
Солидна опременост и моторизација уште во основното ниво [/box]

[box type=”error” ]Недостатоци

Гласен дизел
Положбата на дисплејот на MyLink е за педа прениско
Турбо бензинецот не се нуди во верзија со погон напред [/box]

[nggallery id=30]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

94
14 shares, 94 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743