122
17 shares, 122 points

Ова е слободната постава на Renault, модели што се специјализирани за слободното време. Секој од нив е скроен различно, секој се разликува од масата. Впечатоци од првото возење во Србија.

За многумина возачи, а особено на нашиве пошироки простори, автомобилите сé уште се делат на лимузини, теренци и скратени лимузини што немаат багажник. Друга каросериска изведба не постои, или барем не се регистрира дека постои. Оттука може да се замисли изненадувањето што го приредија десетината автомобили од слободната постава на Renault, како мешавина од кросоверот Captur, стилското мини комби Clio Grand Tour или натеренчениот Scenic xMod, кога продефилираа во колона по патиштата од Белград кон Шабац и Лозница, во регионот Мачва.

Renault е иноватор во осмислуавњето на автомобилските концепти. Вака собрани на едно место, Captur, Scenic Xmod и Clio Grandtour сведочат за големите промени што се случуваат во новите генерации на модели на Renault
Renault е иноватор во осмислуавњето на автомобилските концепти. Вака собрани на едно место, Captur, Scenic Xmod и Clio Grandtour сведочат за големите промени што се случуваат во новите генерации на модели на Renault

Вака насобрани на едно место, последната генерација на модели на Renault се совршена демонстрација на големите промени кои што се случија во осмислувањето на автомобилите. Производителите преземаат сé за да се разликуваат од конкурентите и со свежи концепти да ги одвлечат купувачите од заспаните марки што и натаму се убедени дека производот е тоа што го одредува пазарот, а не купувачите. За среќа постојат марки како Renault кои умеат да ги наслушнат барањата на купувачите.

Сепак не смее да се заборави дека Renault е прилично немирна марка. Од Espace до Twingo, или од Fuego до R16, сите тие автомобили ја поместувале традиционалната претстава. Тоа сега го прави Captur. Најмногу тој. Captur не е единствен на пазарот кој се појавува како теренизирана варијанта на модел од градската класа. Исто како што Mokka е подигната врз Corsa и Peugeot 2008 на Peugeot 208, така и Captur ја користи како основа платформата на новиот Clio.

Captur е како студија побегната од дизајнерско одделение

Тоа што го разликува Captur од другите е свежината во дизајнот. Во споредба со конкурентите, кои изгледаат само како смалена верзија на компактните теренци, Captur е поблиску до студија, отколку до сериски автомобил, особено кога ќе се појави во верзија со двобојна каросерија, од беж и некоја нијанса на портокалова, на пример. Овој кросовер е нешто ново, необично, впечатливо. Од теренските возила тој го има преземено само зголеменото растојание од подлогата, и во најчестите случаи на излети надвор од асфалтот, тоа се покажува сосема доволно.

Оригиналноста и впечатливоста мора да му се признаат на Captur., Додка другите  кросовери од растечкиот сегмент изгледаат како смалена копија на компактните теренци, Captur изгледа како студија побегната од дизајнерското одделение
Оригиналноста и впечатливоста мора да му се признаат на Captur., Додка другите кросовери од растечкиот сегмент изгледаат како смалена копија на компактните теренци, Captur изгледа како студија побегната од дизајнерското одделение

Седењето на повисоко, исто така е чувство од големите теренци, а во одредена мера и просторноста на кабината, главно поради поголемото растојание до таванот и можноста просторот да се искористи порационално. На задната клупа има повеќе простор отколку во стандардното Clio и должината на просторот за колена е споредлива со значително поголемата Laguna – уште повеќе покрај фактот што клупата се поместува по должина за 16 сантиметри. Во зависност од положбата на задната клупа, зад неа останува простор за багаж со зафатнина од 377 до 455 литри. Со максимална должина на товарниот под од 1,5 метар по соборувањето на клупата, назад има доволно простор да се сместат и два велосипеда.

[nggallery id=66]

На стартот на продажбата Captur е достапен со два бензински мотори, со 90 и 120 КС, како и со еден дизел со 90 КС, со просечна потрошувачка од 3,6 литри. Во техничкиот пакет на дизелот и на посилниот бензинец спаѓаат систем старт стоп и повраток на енергијата при сопирање, вклучувајќи и копче Eco-Mode, со кое што потрошувачката може дополнително да се намали за 12 проценти, преку намалување на моќноста на моторот и на интензитетот на работа на клима уредот.

Соодветно на трендовскиот карактер, Captur настапува со богата сериска опременост. Веќе основното ниво Authentique доаѓа со картичка за пристап, темпомат, патен компјутер и помош при поаѓање на нагорнина, што е корисно при излети надвор од асфалтот. Во средното ниво Expression следуваат стартување на копче, мануелен клима уред, радио со блутут и приклучок USB, магленки и алу-бандажи од 16 инчи. Врвното ниво Dynamique дополнително е опремено со отстранливи навлаки на седиштата, автоматска клима, мутлимедиски систем Media Nav со монитор на допир, алу-бандажи од 17 инчи, како и двобојна каросерија.

Со доплата се добива медискиот систем R-Link со поврзување на интернет, што излегува во пресрет на помладите сопственици кои имаат потреба постојано да бидат на мрежата. Системот опфаќа и навигација, а дополнителни апликации може да се симнат од R-Link Store. Спектарот на овие апликации се движи од прегледување електронска пошта до барање слободен паркинг и пристап на твитер.

Конвенционален однадвор, неконвенционален однатре

Компактниот ван Scenic има веќе долга традиција во Renault и изграден имиџ на пазарот. Но, тоа не значи дека имиџот не може и да се доизгради. Scenic е прв модел на Французите што вози со системот за приспособлива контрола на тракција Extended Grip, сличeн како кај Peugeot 3008.

Scenic Xmod го прави погонот на сите тркала непотребен со повеќестепената контрола на тракција и со зголеменото растојание од подлогата. Притоа, со цената останува блиску до стандардната изведба на ванот
Scenic Xmod го прави погонот на сите тркала непотребен со повеќестепената контрола на тракција и со зголеменото растојание од подлогата. Притоа, со цената останува блиску до стандардната изведба на ванот

Овој систем овозможува пробивност на лизгава подлога, со неколку програми на работа на контролата на тракција, со погон само на предните тркала. Возачот избира меѓу три програми преку прекинувачот во средишната конзола, односно Expert, кога тракцијата се контролира единствено преку сопирачките, а возачот само го дозира вртежниот момент преку педалот за гас, потоа Normal, при што системот дејствува на вообичаениот начин кога ќе се појави пролизгување на едно од предните тркала, и на крајот програма за терен, кога вртежниот момент и активирањето на сопирачките се приспособуваат автоматски според подлогата.

[nggallery id=67]

Моделската верзија Scenic Xmod е достапна со моторите 1.6 16V 110, Energy TCe 115, dCi 110 и Energy dCi 110, а од стандардната верзија однадвор се разликува по робусните браници и страничните заштитни панели, хромираните носачи за багаж на покривот и по уникатните алу-бандажи. Дополнително, подвозјето е подигнато за 15 милиметри.

При возењето се задржува комфорот и комоцијата во кабината кои што се својствени за ванот, со тоа што возачот може да биде порелаксиран при патувањето со свесноста дека возилото поседува капацитет да се извлече од ситуациите на отежнати услови на патот, како снег, кал или мраз. Со мала доплата се добива автомобил кој му обезбедува на семејниот ван одредена доза на пробивност на теренско возило.

Класичното комби не губи од актуелноста

Колку и да се обидуваат кросоверите да го заменат, класичното комби останува и натаму прв избор на купувачите бараат голема приспособливост на кабината, практичност, и секако, огромен багажник, со минимална доплата во однос на комбилимузината од која што тоа обично потекнува. На овие традиционални вредности, Renault додава стил и препознатливост во Clio Grandtour, со што класичното комби повторно добива на актуелност.

Класичното комби ја задржува атрактивноста покрај бранот од кросовери и се нуди како најдостапна можност за добивање возило со дополнителна практична вредност
Класичното комби ја задржува атрактивноста покрај бранот од кросовери и се нуди како најдостапна можност за добивање возило со дополнителна практична вредност

Стандардната големина на багажникот изнесува 443 литри, односно 1.380 литри со соборена клупа, како вредности што го надминуваат транспортниот капацитет и на повеќето комбија од компакт класата. Притоа, цената останува во рамките на класата.

[nggallery id=68]

Во секој друг поглед, Grandtour е Clio од актуелната генерација, а тоа значи возило со штедливи и моќни мотори со модерна технологија. Renault го нуди моделот со избор од два бензинци, Energy TCe 90 и 1.2 16V 75, и два дизела, dCi 75 и Energy dCi 90. Исто како кај Captur, за посилните верзии стои на располагање копче Eco Mode, со кое што се смалува вртежниот момент и моќноста на моторот и на тој начин се заштедуваат дополнителни десетина проценти во горивото.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

122
17 shares, 122 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743