Вести

Првиот техничар на Daimler: „За десет години ќе има електрични автомобили за 10.000 евра“

Шефот за развој во Daimler во интервју за „Билд ам Зонтаг“ најавува значително поевтинување на електричните автомобили за пет до седум години. Но, додека возило со погон на струја и досег од 500 километри достигне цена од 10.000 евра, сепак ќе треба да се почека малку повеќе.

Ола Келениус, во интервју за германскиот неделник „Билд ам Зонтаг“ најавува значајно намалување на цените на електричните автомобили во следните пет го седум години. Шефот за развој во Daimler цени дека електричните автомобили во иднина ќе бидат драстично поевтини во споредба со денешните модели. Овој родум Швеѓанец, во интервјуто за неделникот изјави: „Трошоците ќе се смалуваат. Во следните пет до седум години ќе можеме да ги понудиме електричните автомобили по значително пониска цена. Но, за електричен автомобил со досег од 500 километри да се купи за 10.000 евра, веројатно ќе бидат потребни повеќе од десет години.“

Цените ќе паѓаат, досегот на автомобилите со погон на струја ќе расте. Келениус најави дека моделот на Mercedes со електричен погон и со нова генерација батерии со досег од 500 километри ќе биде претставен најдоцна за две години.

http://automedia.mk/objavi/27135

Во продолжението на интервјуто, Келениус открива уште неколку моменти од иднината на автомобилизмот. Според првиот техничар на Daimler, мајчинскиот концерн на Mercedes, електричните автомобили нема целосно да ги заменат возилата со бензински или дизел мотор. Во 2025 година, електричните автомобили со батериски погон ќе учествуваат во вкупната продажба на возила на Mercedes најмногу со 25 проценти. „Современи мотори со внатрешно согорување и електрифицирани компоненти, какви што се 48-волтната мрежа и стартер-генераторите, ќе имаат важна улога за Mercedes и по 2025 година.“

Автомобилот сам ќе ги прибира децата по вечерната забава

Во развојното одделение на Daimler се работи и на автономна технологија и пилотирано возење. Првите прототипи се готови, а сериското производство може да се очекува во првата половина од следната деценија. Автомобилите со оваа технологија ќе можат самостојно да ги приберат децата по вечерната забава. Келениус: „И тоа ќе го има во иднина.“

Шефот за развој во Штутгарт верува и во иднината на летечките автомобили: „Можам да замислам дека уште пред крајот на деценијава ќе постојат летечки автомобили, како некој вид дронови, коишто во рамките на пилот-проекти ќе ги транспортираат луѓето, на пример, од аеродром до град.“

На прашањето, кој прави подобри автомобили, Швеѓаните или Швабите, потенцијалниот наследник на Дитер Цече ги избира вториве.

Tags

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730