151
20 shares, 151 points

Со врачувањето на наградата на светски автомобил на годината за Audi A3, во петокот на салонот во Париз започна новата рунда за избор за најдобрите автомобили во светот за 2015 година. Финалето е по шест месеци.

За точно два месеца, на втори април, на салонот во Њујорк ќе се знаат победниците. Меѓународното жири тогаш ќе ги предаде најважните одликувања во светот на автомобилите за 2015 година во категориите за најдобар автомобил, најдобар спортски, најдобар луксузен и „најзелен“ автомобил, како и за најдобар дизајн. Претходно, на салонот во Женева, на трети март, ќе се објават трите финалисти во одделните категории на изборот за „Светски автомобил на годината“. Автомобилите дотогаш ќе минат цела низа од тестирања во рацете на стручното жири составено од 73 членови. Во неговиот состав влегуваат специјализирани новинари од Англија, Австрија, Белгија, Бразил, Германија, Египет, Кина, Франција, Канада, Кореја, Индија, Ирска, Италија, Јапонија, Холандија, Полска, Русија, Шпанија, Шведска, Јужна Африка и САД.

ampnet_photo_20141003_088142

Штефан Мозер, шеф за односи со јавност на Audi, при врачувањето на наградата изјави: „Audi беше прв победник на изборот на светски автомобил на годината, кога A6 ја понесе инаугурациската титула во 2005 година. Со особен интерес го следевме созревањето на овој избор. Исто како со втората титула во генерален пласман со A3, почестени сме што освоивме три трофеи за спортски автомобил на годината и две светски награди за автомобилски дизајн.“

Жирито веќе го објави и списокот на кандидати во изборот за 2015 година:

BMW 2 Series Active Tourer
Chevrolet Tahoe / Suburban
Chrysler 200
Chrysler 300
Citroen C4 Cactus
Dodge Charger
Fiat 500X
Ford Mustang
Hyundai Genesis
Hyundai Sonata
Hyundai i20
Jaguar XE
Jeep Renegade
Kia Sorento
Mazda 2
Mercedes C-Class
MINI 5 door / MINI 4 door Hard Top
Nissan Qashqai
Nissan NP300
Opel / Vauxhall Corsa
Renault Twingo
Subaru WRX / WRX STI
Toyota Camry
Toyota Highlander / Kluger
Volkswagen Passat


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

151
20 shares, 151 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *