179
23 shares, 179 points

Компанијата Макпетрол ја промовираше новата наградна игра за 2020 година, „Верна секогаш со Вас“, која започнува на 1-ви март. Во петтата година на наградната игра, најсреќниот добитник ќе освои Honda CR-V.

Макпетрол петта година ги наградува своите најверни потрошувачи преку платформата Верна. Бројот на членови на Верна програмата за лојалност постојано се зголемува и веќе се приближува кон 190.000 корисници. Овој степен на прифатеност на програмата Верна говори за задоволството на потрошувачите. Тоа воедно претставува и обврска за компанијата. „Бројноста на членовите на Верна програмата јасно го отсликува задоволството на нашите лојални потрошувачи. Оваа наградна игра е начин да ја изразиме благодарноста за довербата која ја добиваме со секој литар купено гориво или производ во нашите продавници. Наше задоволство е кога гледаме дека истата е широко прифатена и е истовремено уште еден успешен проект на нашата компанија“, изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг во Макпетрол.

За досегашните четири години на Верна платформата и наградните игри, од компанијата кажаа дека добиле можност да се запознаат со среќните добитници и одблиску да ја почувствуваат нивната радост, без разлика дали станува збор за доделување на симболична или пак една од главните награди.

Веруваме дека со Верна програмата, односно континуираните наградни игри воспоставивме пракса на еден убав проект кој носи среќа и насмевка кај нашите потрошувачи, а нас, во Макпетрол, ни докажува дека трудот кој го вложуваме во нашата работа не е залуден“, додаде Тасевски.

Макпетрол како водечка компанија во областа на малопродажба на нафтени деривати во државата и оваа година ќе продолжи со низа инвестиции за модернизирање на постојните капацитети, со единствена цел – создавање на подобри услови за потрошувачите. Постојано се зголемуваат и поволностите за корисниците на Верна програмата за лојалност. „Секогаш се стремиме кон одржување на квалитетната услуга и создавање нови погодности, целосно посветени на потребите на корисниците. Затоа, денес со особено задоволство, како одговор на довербата која ни ја даваат нашите потрошувачи, најавуваме почеток на уште една наградна игра преку која нашите лојални потрошувачи ќе имаат можност да се стекнат со голем број вредни награди“, истакна Зоран Доневски, директор на дирекција за големопродажба на Макпетрол.

Главните критериуми за учество се познати. Потребно е да склучи членство во платформата Верна, а потоа со секоја извршена трансакција на бензинските станици на Макпетрол се впишуваат стекнатите Верна поени на членската картичка. Со секои впишани од 10 до 19 поени на Верна картичката се добива една шанса за награда. Доколку впишат 20 и повеќе поени се добиваат 2 шанси за награда.

Потрошувачите ќе имаат можност својата среќа да си ја пробаат во девет редовни, три мастер и едно финално коло, со тоа што извлекувањето на главната награда ќе биде одржано на 7 декември.

Во редовните кола, компанијата секој месец подарува: Лаптоп Dell, викенди за двајца во хотелите на Макпетрол, 10 ваучери за гуми, 10 ваучери за Лубекс моторни масла, 10 ваучери за Кристал Кар средство за стакла, 10 ваучери со Верна поени во вредност од 1000 денари.

Главните награди оваа година ќе се доделуваат во три мастер и едно финално коло: Скутер Honda PCX 125, мотор Honda Z125M, гумен чамец Highfield Ocean Master 420 со мотор Tohatsu 30 КС и приколка. Финалната награда за 2020 година ќе биде Honda CR-V Elegance Navi.

Во изминатите четири години во наградната игра учествувале околу 4 милиони квалификувани трансакции, а на потрошувачите им се подарени 2.000 награди. За картичка Верна е потребно единствено да се пополни формулар во најблиската бензинска станица на Макпетрол, за потоа со првата трансакција од 10 поени да се учествува во наградната игра.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

179
23 shares, 179 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *