145
108 shares, 145 points

Целиот автомобилски свет прославува половина век на марката од Сант Агата: Од 29 држави, од Канада до Нов Зеланд, пристигнуваат 350 автомобили, од кои 140 се скапоцени олдтајмери.

Плоштадот Кастело во Милано, утре во 10 часот наутро, ќе биде појдовната точка на големата тура за одбележување на 50-годишнината на марката Lamborghini. Секако дека во чест на овој повод не може да стане збор за ништо друго освен за најголем собир на возила со знакот на разбеснетиот бик, со конвој од возила долг 4 километри и со вкупно 190.000 коњски сили собрани на едно место.

На миланскиот плоштад пред замокот Сфорцеско во текот на денов се очекува да пристигнат сите 350 возила од марката Lamborghini, од кои 30 се дел од логистиката, за превоз на печатот и на гостите. Првите возила почнаа да пристигнуваат синоќа, на огромно одушевување на љубителите на марката и на авто ентузијастите.

Утрово се одржа и прес конференција за прогласување на стартот на Големата Тура во Фондацијата Пирели, со што се одбележува партнетството меѓу двете компании, кое што трае уште од 1963 година, односно од годината во која беше основана марката Lamborghini.

Највпечатливата репрезентација на учесници на Lamborghini Grand Tour доаѓа од Велика Британија, со вкупно 71 автомобили, по што следат Италија, Германија и Швајцарија, сите со повеќе од 30 возила. Покрај нив има и 21 автомобил со регистрација од САД и дури 17 автомобили од Кина. Другите возила доаѓаат од Австралија, Австрија, Белгија, Канада, Франција, Хонг Конг, Индонезија, Ирска, Јапонија, Куваит, Лобан, Лихтенштајн, Луксембург, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија, Монако, Сингапур, Јужна Кореја, Тајван, Холандија, Тунис и Украина. Најмладиот возач има 23 години и доаѓа од Куваит, додека највозрасниот е Французин и има 75 години.

Возниот парк вклучува голем број на вредни историски примероци, меѓу кои три примероци од 350 GT, четири 400 GT, дури седумнаесет Miura, осум Espada, две Jarama, шест Urraco, петнаесет Countach, еден LM 002, 21 Diablo и 36 примероци од Murcielago. Најброен модел е Gallardo, најпродаваниот модел на Lamborghini на сите времиња, со вкупно 123 примероци.

Првото одредиште по поаѓањето од Милано ќе биде Бобио, душата на долината Требија, за првиот ден да заврши во Форте дел Марми, во еден од најексклузивните морски ресорти на тиренскиот брег.

По Форте дел Марми, конвојот се очекува на 9-ти мај да пристигне во Рим, со поминување низ воената аеро база во Гросето. Во утрото на 10-ти мај ќе се продолжи во правец на Болоња, низ градовите Орвието, Арецо и Сан Џустино Валдарно, каде што учесниците ќе имаат ручек во Тенута ил Бобио.

Вечерта на 10-ти мај, автомобилите ќе се најдат во центарот на Болоња, каде што градот ќе организира свечен пречек во престижната атмосфера на Палацо Ре Енцо. Следното утро на Пјаца Маџоре ќе се одржува Конкурс на елеганција во чест на 50-годишнината на Lamborghini, со учество на сите историски модели, почнувајќи од првиот 350 GT до последниот Countach.

Завршницата е планирана во Сант Агата Болоњезе, во седиштето на разбеснетиот бик, со гала вечера на која што ќе се одбележи половина век од марката Lamborghini.

[nggallery id=36]


Like it? Share with your friends!

145
108 shares, 145 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730