за

Половина милион евра за Honda NSX GT3 за приватни тркачи

Honda NSX GT3

Honda NSX GT3 е подготвена за нарачки од приватно спонзорираните тимови за следната сезона. Каросеријата и моторот се изработуваат во Охајо, завршната монтажа е во Милано, повеќе од дваесет тркачки серии стојат на располагање.

Повеќекратниот победник во својата прва тркачка сезона во шампионатот IMSA во Северна Америка, Honda NSX GT3, за следната сезона има на располагање повеќе од дваесет тркачки серии низ светот. Тркачот на Honda в година ќе го гледаме меѓу другото на 24 Часа Нирбургринг, во светскиот шампионат на Pirelli, на Супер ГТ во Јапонија или на Интерконтиненталниот ГТ шампионат.

Honda NSX GT3 ќе стартува со серија од 12 примероци

Нарачките за Европа и Азија традиционално ги прима JAS Motosport, за Северна Америка е задолжен HPD, додека Јапонија е терен на Mugen. За стартот во следната сезона ќе биде изработена серија од 12 возила. Honda NSX GT3 е развиена во Јапонија и Италија, додека за тестирањето беше задолжена американската HPD.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Моторот потекува од стандардниот NSX и се изработува на истата линија во Охајо, САД. Стандардната моќност на 3,5-литарскиот твинтурбо изнесува 507 КС. Менувачот е секвенцијален со шест степени, погонот е на задната оска. Трите електромотори (напред 48 КС, назад 2 х 37 КС) од серискиот NSX отсуствуваат. Правилата на FIA во GT3 не дозволуваат хибриден погон и погон на сите тркала. На NSX GT3 му стојат на располагање врвно дотерано подвозје и перфектно скроена аеродинамика.

Првата генерација на NSX носи обврзувачко наследство од мотоспортот

Со каросериска школка со видлива карбонска структура и подготвен за стартна линија, NSX GT3 чини 465.000 евра при испораката во JAS Motorsport во Милано. Со соодветна доплата следи фабричка поддршка, којашто вклучува испорака на делови, обука и инженеринг.

New photo by Automedia MK / Google Photos

NSX GT3 има обврзувачко наследство од првата генерација на NSX во мотоспортот, вклучувајќи победа на 24 часа Леман во класата ГТ2 во 1995 година и три титули во Супер ГТ меѓу 2000 и 2009 година.

Технички податоци · Honda NSX GT3

Мотор

Твинтурбо, dohc, V6 под 75 степени, вграден надолжно во средина

Пречник и од

91 х 90 mm

Работна зафатнина

3501 cm3

Моќност

Според правилник на FIA

Конструкција

Глава и блок од алуминиумска легура, ковани алуминиумски клипови, 24 вентили, IN/EX VTC, погон на брегасти вратила преку синџир

Впрскување на гориво

Директно и индиректно

Подмачкување

Сув картер

Димензии

Меѓуоскино растојание

2630 mm

Должина х ширина

4612 х 2040 mm

Ширина на трага

1715 mm напред, 1687 mm назад

Тежина

1240 kg

Шасија

Екструдирани профили од алуминиумска легура, челичен покрив, заштитен кафез заварен за шасија од 25CrMo

Пренос

Менувач XTRAC, полуавтоматски, секвенцијален со шест степени

Спојка ZF/Sachs, синтериран или карбон (за трки во издржливост), електрична поддршка

Суспензија

Две триаголни водилки напред, мултилинк назад

Сопирачки

Дискови Brembo 390×34 напред / 355×32 назад

Сопирачки клешти Brembo, 6-клипни напред, 4-клипни назад

ABS Bosch M4

Амортизери

Sachs со 5 степени

Бандажи

12’’ х 18’’ напред, 13’’ х 18’’ назад, кован алуминиум

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Range Rover Evoque

Range Rover Evoque најпопуларен автомобил во премиер лигата

Dunlop sport classic ferrari dino

Dunlop произведува нови пневматици за спортските олдтајмери