за

Кој смее да има нешто против полициски Rolls-Royce?

Rolls-Royce policiski

Британците секогаш умеат да се пошегуваат на својствен начин, па така и со овој Rolls-Royce во полициска униформа. Благородничката лимузина се појави во невообичаено издание за време на отворените денови на полицијата во Сасекс.

Rolls-Royce искажа безрезервна поддршка за полицијата во Сасекс, за време на одбележувањето на отворените денови на полициската станица во Чичестер. Луксузната марка пристигна со Ghost Black Badge, снабден со соодветна светлосна сигнализација и каросерија во боите на полицијата во Сасекс.

Секој Rolls-Royce е уникатен, па така и овој. Каросеријата е лакирана во андалузиска бела боја, со ентериер во црна кожа и арматурна табла обложена со карбонски панели. Полицискиот Rolls-Royce привлече големо внимание на настанот што наидува на голема популарност меѓу локалните жители. Донираните средства на оваа манифестација се наменети за локалниот центар за деца без родители.

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.859934564170595.1073741849.317250688438988&type=3

Полицијата ги „демантира“ гласините дека Rolls-Royce ќе остане за шефот

По завршувањето на настанот, автомобилот беше вратен во првобитната состојба. Не може да мине без дополнителна доза британски хумор. „Со тоа ги демантираме гласините дека ова ќе биде првиот Rolls-Royce што ќе му припадне на шефот на полициската станица,“ коментираат од компанијата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

литиум, боливија

Боливиските резерви од литиум ќе станат новото „црно злато“

Audi e-tron quattro

Зад оваа маска се наоѓа најлутиот конкурент на Tesla