Против досада

Полициски Mercedes-AMG GLE 63 S ќе става ред по австралиските патишта

Тоа што на времето го можеше само Ford Falcon на „Лудиот Макс“, сега ќе биде задача на најлутата верзија од купе-теренецот на Mercedes. Бандитите подобро нека побараат друга работа.

Тие што имаат план да го притискат гасот до под по австралиските патишта, прво нека погледнат подобро во ретровизорот, затоа што постои голема шанса таму да се појави Mercedes-AMG со своите 585 КС. Полициските сили во австралиската сојузна држава Викторија добија соодветно превозно средство за сите што планираат да ги прекршат сообраќајните правила да се откажат навреме од намерата. Mercedes-AMG им испорака примерок од GLE 63 S Coupe на австралиските полицајци. „Guardian“ како што гласи името на новиот миленик, ќе стои на располагање во следните 12 месеци. За „чуварот“ да остане подолго, сепак се потребни многу пари, поточно 198.000 австралиски долари.

mercedes-amg gle 63 s coupe avstralija (2)

Службениот AMG на чуварите на редот на далечниот континент ќе се појави пред публиката за време на трката за големата награда на Австралија, кадешто ќе има добра шанса да ги впрегне сите свои 585 КС и 760 њутнметри од 5,5-литарскиот V8 со битурбо натполнење. За ориентација, германскиот колос спринтува до сто за 4,2 секунди.

mercedes-amg gle 63 s coupe avstralija (1)

Tags

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730