199
25 shares, 199 points

При тестирање во реални услови, возила со погон на автогас покажаа неколкупати пониско ниво на штетни материи во издувот отколку истите модели со бензински или дизел мотор. Тоа е резултатот од последното тестирање спроведено од Универзитетот за техника и стопанство на германската покраина Сар. Со тоа се докажува дека помасовната примена на автогасот може да придонесе за значително намалување на загаденоста на воздухот.

За тестирањето на Универзитетот во Сар послужи Opel Astra, во верзија со дизел мотор и во верзија со бивалентен, односно комбиниран погон на автогас и бензин, како и Kia Sportage, исто така во верзија со бивалентен погон на автогас и бензин. При мерењето на емисијата на азотни оксиди, автогасот покажа огромна предност наспроти дизелот. Емисијата на штетните азотни оксиди при погон на автогас е за дури 51 пат пониска во споредба со дизел моторот. Покрај тоа, оваа емисија кај дизелот е седумпати над дозволената гранична вредност.

Филтерот за гареж кај дизел моторот делотворно ги пречистува неразградливите честички PM коишто се едни од најопасните загадувачи на животната средина

При мерењето на емисијата на неразградливи честички (PM), автогасот повторно беше во голема предност наспроти бензинот. Кога возилото користи автогас, емисијата на канцерогените честички се намалува за 98 проценти. Кај верзијата на Opel Astra со дизел мотор се постигнува задоволително пречистување на честичките чад во издувните гасови, благодарение на филтерот за гареж (DPF), но нивната количина и натаму е 3,6 пати повисока отколку кај верзијата на Astra со погон на автогас. Количината на СО2 исто така се намалува за 10-13 проценти со течниот гас.

test avtogas_1

Резултатите од тестирањето потоа се споредуваа со граничните вредности на идната норма Euro 6c, во поглед на азотните оксиди и неразградливите честички. Заклучокот: Емисијата на штетни материи при користење автогас како погонско гориво е под граничните вредности на нормата којашто ќе стапи на сила во септември годинава.

Моделот со дизел мотор покажа надминување на граничните вредности за емисијата на азотни оксиди, додека и бензинскиот и дизел моторот го пречекорија лимитот за емисијата на неразградливи честички.

Масовното користење на автоплинот може да придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот во градовите со интензивен сообраќај и стар возен парк

Резултатите од студијата укажуваат недвојбено дека користењето на автоплинот може да придонесе значително за намалување на емисијата на штетни материи во сообраќајот. Автоплинот е делотворно решение за надминување на проблемите со прекумерната загаденост на воздухот со азотни оксиди, исто како и со неразградливи честички. За предностите на гасот да бидат уште поубедливи, обата модела со мотор со бивалентен погон постигнуваат квалитет на издувни гасови според нормата Euro 5, но и покрај тоа можат без проблеми да ги задодоволат уште построгите норми на Euro 6c.

При тестирањето се користеше преносен уред за мерење на емисијата на штетни материи, во услови на реален сообраќај.

Марка и модел Opel Astra J 1.4 Turbo Opel Astra J 1.6 CDTi Kia Sportage 1.6 GDI
Систем LPG Landirenzo Omegas + GFI Ez. Lgi
Тип на мотор A14NET B16DTH G4FD
Погонско гориво Бензин / LPG PFI Дизел, CR Бензин / LPG DI
Издувна норма Euro 5 Euro 6 Euro 5
Пречистување издувни гасови 3-фазен катализатор DOC, филтер за гареж DPF, NSK 3-фазен катализатор
Работна зафатнина [cm3] 1364 1598 1591
Моќност [КС] 140 110 135
Вртежен момент [Nm] 200 300 164
Натполнење да да не
Празно возило [kg] 1613 1613 1502
Прва регистрација 2013 2016 2014
Километража 70.625 11.139 27.265

Овие модели се испорачуваат со фабрички вграден уред за автогас

  • Dacia Sandero TCe 90 LPG
  • Dacia Logan TCe 90 LPG
  • Dacia Lodgy SCe 100 LPG
  • Dacia Dokker SCe 100 LPG
  • Dacia Duster SCe 115 LPG
  • Ford Fiesta 1.4 LPG
  • Ford B-Max 1.4 LPG
  • Ford Focus 1.6 LPG
  • Ford C-Max 1.6 LPG
  • Opel Karl 1.0 LPG
  • Opel Adam 1.4 LPG
  • Opel Corsa 1.4 LPG
  • Opel Meriva 1.4 LPG
  • Opel Astra 1.4 LPG
  • Opel Zafira 1.4 LPG
  • Opel Insignia 1.4 LPG
  • Opel Mokka X 1.4 LPG

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

199
25 shares, 199 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743