123
17 shares, 123 points

Холандска двојка во 2012 година го започна својот пат околу светот и досега има изминато 80.000 километри. Подвигот немаше да биде толку необичен, доколку не се работеше за олдтајмер стар цели сто години.

Пат околу светот со автомобил и во денешно време претставува краен предизвик и за човекот и за машината, а особено ако станува збор за Ford Model T произведен пред цели 100 години. Токму ваков предизвик си поставија Дирк и Труди Регтер од Холандија, со нивниот олдтајмер кој уште се наоѓа во оригиналната состојба.

Брачниот пар го почна патот околу светот во летото 2012. За половина година и по 22.000 изминати километри, патот ги доведе Холанѓаните до Кејптаун во Јужноафриканската Република. Следната година, двојката извозе 28.000 километри по северноамериканскиот континент, за во 2014 година да следат уште 26.000 километри долж и попреку по територијата на Јужна Америка. Досега тие изминаа близу 80.000 километри низ светот со својот стогодишен Ford Model T.

Предизвикот да се „освои“ светот продолжува годинава во Нов Зеланд, Австралија, Индонезија и Индија. По планираното совладување на Хималаите на пат кон Кина, до пристигањето во домашниот Едом, на брачниот пар ќе му остане меѓу другото и крстосување низ Монголија.

Дел од средствата од спонзорите на овој единствен подвиг е наменет за СОС детските села.

ford svet 100


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

123
17 shares, 123 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *